6 работи што не треба да му ги кажете на вашето дете
Да се биде родител е многу голема одговорност и може да биде многу тешко, посебно кога станува збор за изборот на начинот на разговор со вашето дете.
Некои фрази кои вие можеби ненамерно ги изговарате, за детето може да значат многу и да направат промена во неговото гледиште на светот или погрешно да се развие од аспект на морални вредности.
Постојат некои фрази кои никогаш не треба да му ги кажувате на вашето дете ако сакате правилно да биде воспитано.
Дознајте кои се тие:
1. „Слушај ги возрасните“
Кога ќе го слушне ова детето мисли: „Сите возрасни се паметни и добри. Морам да правам сѐ што ќе кажат.“ Оваа фраза е опасна, бидејќи детето може да слуша и непознати луѓе.
Правилна фраза: „Треба да ги слушаш твоите родители.“ На овој начин детето ќе знае дека родителите секогаш треба да ги слуша, но не и сите возразни, познати и непознати.
2. „Престани да плачеш“
Кога ќе го слушне ова детето мисли: „Лошо е да се покажуваат емоции. Ќе ги соберам солзите.“ Така детето може да порасне повлечено и тивко. Чувствата треба да се покажуваат.
Правилна фраза: „Кажи ми што те мачи. Зошто плачеш?“
3. „Немој да бидеш алчен“
Кога ќе го слушне ова детето мисли: „Морам да ги делам сите работи. Ништо не е мое.“ понекогаш овие мисли може да предизвикаат детето постојано да се жртвува и нема да ги штити своите вредности.
Правилна фраза: „Ќе му дозволиш ли на детето да си поигра малку со твојата играчка? Или сменете си ги играчките, што велиш?“ Дајте му на вашето дете можност да одговара за своите работи.
4. „Види колку е талентирано ова девојче“
Кога ќе го слушне ова детето мисли: „Јас сум полош од другите. Не знам да направам ништо.“ Кога го споредувате детето со други, тоа може негативно да влијае на неговата самодоверба и да помисли дека никогаш нема да успее во ништо.
Правилна фраза: „Те сакам. Знам дека и ти го можеш истото, само малку повеќе ќе се потрудиме, нели?“ Посочете му на детето дека има способности и покажете дека верувате во него. Секое дете има свои таленти.
5. „Ќе зборуваме дома“
Кога ќе го слушне ова детето мисли: „Моите родители дома ќе ме караат. Не ме сакаат. Не сакам да одам дома.“ Родителите веќе не се добри туку стануваат закана за детето бидејќи очекува да биде казнето.
Правилна фраза: „Дозволи ми да ти кажам зошто ме налути.“ Дајте му до знаење на детето дека сѐ може да се реши со разговор и дека треба да го слушне вашето мислење.
6. „Кога ќе пораснеш ќе дознаеш“
Кога ќе го слушне ова детето мисли: „Но сакам да знам. Зошто не ми кажуваат? Ќе прашам некој друг!“. ако вашето дете ви поставува чудни прашања, а не добие одговор, тоа ќе побара одговор од некој друг, наместо од вас – неговиот родител.
Правилна фраза: „Моментално не го знам ниту јас одговорот. Дај ми време да го дознаам и ќе ти кажам.“. ако детето ви постави прашање обидете се било како да го одговорите, па дури и ако треба одлоѓете го, но не го игнорирајте.
М. М. | Црнобело