9 способности на бебињата кои се губат со текот на времето
Тие можат да ползат
Изненадувачки, малите бебиња се целосно способни да исползат до градите на мајката. Но, прво мора да го ставите детето на нејзиниот стомак.
Според научниците, новороденчињата ги привлекува мирисот на млеко и тие се стремат кон тоа без воопшто да мора да гледаат во целта.
Заради малите коски, децата се многу флексибилни
Скелетот на бебињата има околу 300 коски. Со текот на годините, многу од нив се сврзуваат и стануваат една целина. Но, во периодот додека коските уште не се поврзани, телото на децата е екстремно флексибилно.
Оваа природна карактеристика им е потребна на бебињата за да пројдат низ каналот при раѓањето.
И нивниот „стил“ се менува
Со текот на времето, на децата целосно може да им се промени косата. Густата косичка која ја имале кога се родиле, може да падне и да направи место за нова коса.
Поради ова, многу често русите деца кога ќе пораснат имаат кафеава коса, или оние кои имале виткана коса, кога ќе пораснат може да имаат целосно права коса.
Тежината на бебето може да се зголеми за 3 пати и да не се здебели
Во првата година од животот бебето брзо се развива. За овој период, тежината на бебето многу брзо расте, па може да порасне и за 3 пати повеќе. Сепак, тоа не влијае лошо на нив, бидејќи тие не се дебелеат, туку истовремено и растат.
М. М. | Црнобело