9 способности на бебињата кои се губат со текот на времето
Потребни ни се само неколку минути во присуство на бебе и да почнеме да се „топиме“ од нивната слаткост.
Но, тоа не е единствената нивна карактеристика. Освен што се преслатки и знаат многу брзо да направат да ги засакаме, тие имаат уште многу интересни способности кои ги прават фантастични.
Еве неколку факти кои го потврдуваат тоа:
Бебињата не плачат вистински
Сигурно се прашувате како е тоа можно, бидејќи единственото нешто што бебињата го прават е плачењето. Но, не е точно. Всушност, децата врескаат, стенкаат и испуштаат крици, но не плачат. Солзите не се појавуваат заради затворените канали.
Се чувствуваат пријатно под вода
Ова се нарекува рефлекс на нуркање кој исчезнува по 6 месеци. Кога детето ќе се најде под вода, дишните патишта се прилагодуваат на тоа, а со екстремитетите почнуваат да прават движења на пливање.
Тие голтаат и дишат во исто време
На новороденчињата, гркланот им се наоѓа повисоко од на возрасните. Кога голтаат, влезот во респираторниот тракт не е блокиран. Затоа, тие кога голтаат можат и да дишат без проблем.
Ако е неопходно, можат да киваат без прекин
Носните празнини кај бебињата се многу потесни отколку кај возрасните. Затоа, тие мора да се чистат почесто. Бидејќи не постои начин тие да го издуваат носот, го користат безусловниот рефлекс, па киваат без престан додека носот не се ослободи од надразнувањето.
Тие можат да заспијат и покрај голема врева
Многумина мислат дека кога малите бебиња спијат сите треба да бидат тивки и да одат на прсти за да не ги разбудат. Но, првите денови од животот, на бебињата не им пречат гласните звуци.
Дури е можно детето додека спие да ужива во звуците на бушење или гласната музика.