Како да го научите вашето дете да биде потрпеливо?
Кога на нас возрасните знае да ни биде тешко да седиме трпеливо и да чекаме нешто, што останува да кажеме за малите деца?
Сепак, иако некогаш изгледа невозможно, постојат методи кои можат да помогнат да се развие самоконтролата на децата и да ја победат досадата.
Секако, не зборуваме за телефони, таблети и компјутер.
Со овие трикови уверете се дека вистинската генијалност лежи во едноставноста:
Научете ги децата да играат игри сами
Постојат неколку причини поради кои е важно децата да играат сами. Една од нив е тоа што ќе бидат способни да се забавуваат сами себе во секое време. Детската имагинација нема граници, а овие игри не бараат посебна подготовка или конкретни предмети.
Погрешни игри: паметен телефон или игри на таблет кои го спречуваат развојот на детската имагинација и креативноста.
Правилни типови игри: сложувалки, „барање богатство“, измислување приказни, играње улоги и слично.
Визуелизирајте го времето
На децата почнува да им се развива апстракното размислување на возраст од 9 години. Претходно, нивниот мозок работи на поконкретен начин, што може да биде принчина за тоа што им е тешко да забележат разлика меѓу 15 и 45 минути – сѐ им изгледа како вечност. Затоа визуелизирајте им го времето секогаш кога е можно.
Погрешно: „Заминуваме за 1 час. Имаш 10 минути да се подготвиш и да ги средиш играчките.“
Точно: „Тато ќе се врати од работа кога сонцето ќе зајде зад оној покрив таму. Потоа ќе тргнеме.“
Спасувачка игра за јавни места
Секогаш е досадно кога децата треба да чекаат да стигне автобус, или додека чекаат во автомобил родителите да се вратат од продавница. За овие ситуации, има одличен начин да им го одвлечете вниманието од реалната случка.
Играта: Вие и вашето дете ќе си замислите желба и ќе направите договор согласувајќи се на „некоја карактеристика“ што ќе ја барате во објектите во вашата околина (боја, форма, буква или едноставно конкретен предмет). На пример, оној кој ќе успее да најде 20 (или било кој број) објекти со одбраната карактеристика ќе победи и има право на замислената желба.
Во што е трикот: Пред сѐ, ова е многу зависна игра која овозможува да ги менувате правилата и начинот на игра според возраста на детето. Плус, вие не мора активно да учествувате во играта, бидејќи поентата е детето да се забавува додека чека и на крај да му се исполни желбата.
Едноставен начин да не ги прекинува возрасните
Правилото: Кога детето сака да ви каже нешто, додека зборувате со некој друг, треба да ја стави неговата рака на вашето рамо или рака. Ако ја допрете неговата рака како „фидбек“, тоа значи дека детето е забележано и дека ќе му обрнете внимание најбрзо што можете.
Зошто функционира: Со остварување контакт, родителот му дава до знаење на детето дека го третира со почит, а не го игнорира. Но сепак, ќе знае дека треба да почека додека да се ослободите.
Очекување на големи настани (роденден, празници)
Дури и ако децата научат да не ги прекинуваат возрасните или сами да се забавуваат, сѐ уште е тешко да научат да ги чекаат важните работи, како што е роденденот, одморот или некој празник.
Како да помогнете: Необичен календар може да помогне чекањето да биде позабавно. Направете картички со желби или мали креативни подарочиња со скриена порака за секој ден до очекуваниот датум.
Децата на речиси секоја возраст ќе уживаат во некоја од овие опции (или некоја ваша лична и креативна). Тие ќе ги сакаат и чекаат изненадувањата за секој ден, но тоа нема да изгледа толку тешко како кога само чекаат да дојде денот и се жалат.
М. М. | Црнобело