5 работи кои мажите не ги разбираат кога жените се на породилно отсуство

Кога ќе добиете нов член во семејството, одеднаш сѐ се менува.

realni-ilustracii-za-zhivotot-na-majkite-na-porodilno-otsustvo-01.jpg

Таткото најчесто продолжува со работа, а мајката е дома со бебето за кое се грижи постојано. И иако многумина мислат дека тоа е лесно, сепак може да биде многу тешко кога немате помош.

Погледнете ги овие илустрации и дознајте нешто повеќе за тоа како мајките ги поминуваат тие денови, а мајките кои веќе го искусиле тоа, ќе се пронајдат...

Рутина

Хранење, чистење, менување пелени, масажи, доење, прошетка, успивање и повторно од почеток. Нема простор за други планирани активности.

realni-ilustracii-za-zhivotot-na-majkite-na-porodilno-otsustvo-02.jpg

Недостаток на постојан распоред

Работите не секогаш одат по план. Некогаш излегуваат од контрола, а плановите се менуваат. Бебето не сака да спие, или одбива храна, а на улица плаче без прекин. Мајката мора да го прифати тоа и да се адаптира на сите расположенија на децата.

realni-ilustracii-za-zhivotot-na-majkite-na-porodilno-otsustvo-03_copy.jpg

Зошто нивните активности немаат резултат?

Нема поубаво од тоа да направите нешто и да го постигнете посакуваниот резултат. Но, кај мајките ретко се случува. Ќе го средат домот, а собата повторно има купишта играчки и нивниот резултат не е видлив.

realni-ilustracii-za-zhivotot-na-majkite-na-porodilno-otsustvo-04.jpg

Самодоверба

Мајчинството влијае на кариерата, на социјалниот живот и на изгледот. Дали ќе може да се врати на работа, дали ќе се врати во форма и кога, дали пријателките ќе ја прифатат? Таквите мисли баш и не додаваат доверба...

realni-ilustracii-za-zhivotot-na-majkite-na-porodilno-otsustvo-05.jpg

Безусловна љубов

Здебелување, влегување во рутини, губење на самодоверба и други недостатоци... Но, кога бебето ќе се насмее и за првпат ќе каже „мама“ – заборавате на сите тешкотии!

realni-ilustracii-za-zhivotot-na-majkite-na-porodilno-otsustvo-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Кој може, а кој не може да биде кум и како се раскинува старо кумство? Кумот треба да биде верник и самиот да биде крстен, да ги почитува моралните вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg