Зошто никогаш не треба да викате по детето?

Секој родител различно одлучува да го воспитува своето дете и да презема соодветни воспитни мерки согласно однесувањето на детето.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-vreskate-po-deteto-01.jpg

Некои родители се премногу „меки“ и децата подоцна стануваат разгалени.

Други пак, се премногу строги и повторно креираат непријатно однесување од страна на детето кое се одразува негативно и кога ќе порасне и ќе стане зрела личност.

Од таа причина, не е ни премногу добро да врескате по детето:

1. Врескањето ги плаши

Секој родител сака да биде пријател со своето дете, а тешко е да бидеш пријател со некој кој те плаши. Обично родителите кои често викаат по своите деца, влеваат страв во нив.

Како да го промените ова?

Пред да почнете да викате сетете се дека детето исто така има право на свое мислење, треба да добие шанса да збори и да го изрази своето мислење и дека ако викате само креирате одвоеност меѓу вас и вашето дете.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-vreskate-po-deteto-1.jpg

2. Врескањето ја намалува довербата во врската

Научниците покажале дека родителите кои користат физички казни и често викаат по своите деца креираат индивидуи кои имаат тешкотии да оформат врски и да имаат доверба во другите.

Како да го промените ова?

Третирајте го детето како да е еднакво на вас. На малите шеги реагирајте со хумор, лесно и не почнувајте веднаш да викате. Бидете заинтересирани за работите кои ги сака детето и за кои се интересира.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-vreskate-po-deteto-2.jpg

3. Врескањето поттикнува проблеми со тежината

Научниците покажале дека подоцна во животот, напнатоста од викањето на родителите може да се манифестира со погрешен одговор на стресот - јадење за пополнување на емоционалната празнина и вишок килограми.

Како можете да го промените ова?

Контролирајте ги емоциите и акциите, не ги пренесувајте вашите проблеми во односот со детето и често давајте му до знаење колку многу го сакате и колку ви значи.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-vreskate-po-deteto-3.jpg

4. Врескањето поттикнува лошо однесување во околината

Ако често го повишувате тонот додека зборувате со детето, на крајот и самото ќе после да се однесува така, гледајќи го и следејќи го вашиот пример. Покрај тоа, често ваквите деца знаат да бидат агресивни или да бидат подложни на депресија.

Како можете да го промените ова?

Запомнете дека вие сте примарен пример за однесување за вашите деца. Бидете строги, но фер кон децата и обрнувајте повеќе внимание на потребите на детето.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-vreskate-po-deteto-4.jpg

5. Во иднина, детето може да страда од мигрени

Возрасните кои биле злоупотребувани и омаловажувани како деца чесно страдаат од хронични мигрени заради комплексите и стравовите кои им се вкоренети длабоко во нив.

Како можете да го промените ова?

Обидете се незадоволството да го изразувате на смирен и разумен начин. Научете да го слушате вашето дете. Бидете трпеливи и покажете љубов, само така креирате здраво и среќно дете кое подоцна прераснува во здрава и среќна возрасна личност.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-vreskate-po-deteto-5.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg