15 бонтон правила на кои родителите треба да ги учат децата
Обврска на секој родител е да го научи своето дете убаво да се однесува, односно по бонтон правила.
15 бонтон лекции кое секое дете треба да ги знае:
1. Пристојноста е многу важна, а посебно треба да се почитуваат постарите лица.
2. Важно е секојдневно да ги користи златните зборови како: „Ти благодарам“, „Молам“, „Извинете“...
3. Важно е да научи мирно да седи на секој оброк.
4. Никогаш не треба да прекинува постара личност додека разговара со друга личност.
5. Никогаш не треба да коментира на туѓиот изглед, освен ако не сака да каже нешто убаво.
6. Научете го да дава комплименти.
7. Треба да помага на оние кои се во неволја, посебно ако станува збор за немоќна или послаба личност.
8. Треба да знае како правилно да се претставува себеси и другите.
9. Треба да биде свесно за позитивниот говор на телото.
10. Треба да го гледа во очи соговорникот.
11. Постарите подобро е да ги кажува според нивната улога, не името, освен ако тоа не го бараат - пример „Тето“, „Баба“, „Господине“...
12. Секогаш треба да тропа на врата пред да влезе.
13. Секогаш треба пристојно да се јавува на телефон.
14. Не треба да покажува со прст.
15. Секогаш треба да ја покрива устата кога кива или зева.
Н. Г. | Црнобело