Креветче по кое ќе се „тепаат“ родителите: Го заспива детето додека да трепнете
Новите родители, без да им трепне око, ќе ви кажат дека најтешкиот дел е да го заспиете бебето. Секако, за тоа постојат многу техники кои успеваат на повеќето родители.
На пример, голем дел од родителите го качуваат бебето во автомобил и возат додека не задреме, за потоа да го стават во креветче и да продолжи мирно да спие.
Но, тоа не може да се прави баш секој ден по неколку пати, па Ford направија решение кои ќе биде „спас“ за новопечените родители.
Шпанската филијала на оваа компанија го креираа креветчето „Max Motor Dreams“ кое симулира возење во автомобил.
Има LED светилки кои го имитираат поминувањето на уличните светилки додека се возите и звук како да работи моторот на автомобилот, односно амбиентален звук од кој креветчето нежно вибрира.
Сега засега, направено е само едно креветче за тестирање, но од компанијата велат дека планираат креветчето да биде масовно произведувано.
https://www.youtube.com/watch?v=Ic6vWoSd8Fk
Н. Г. | Црнобело