Децата во Шведска ќе учат како да програмираат уште во прво одделение

Според податоците на Европската Комисија до 2020-тата година ќе има дефицит од над 1 милион програмери во Европа.

Decata-vo-Shvedka-ke-ucat-kako-da-programiraat-uste-vo-prvo-oddelenie-01.jpg

Иако Шведска е лидер во технологијата, сепак оваа држава совршено добро го сфаќа концептот на развој и напредок и нема намера да застане. Зарем има подобар начин за едукација на новите генерации од онаа којашто започнува од најмала возраст?

Започнувајќи од јули 2018-та година, програмирањето ќе се воведе како редовен наставен предмет уште во прво одделение.

„Шведска е земја каде што секое дете се подготвува за живот и работа, а програмирањето како предмет треба да се воведе уште во основно училиште“, изјавил министерот за образование Густав Фридолин.

Decata-vo-Shvedka-ke-ucat-kako-da-programiraat-uste-vo-prvo-oddelenie-02.png

„Секој треба да научи како да програмира компјутер, бидејќи тоа те учи како да размислуваш“, рекол Стив Џобс уште пред 20 години.

Шведска очигледно сериозно го сфатила концептот на оваа изјава.

Дали сметате дека оваа одлука на Швеѓаните е паметна?

 (O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најопасните предмети што може да ги проголта мало дете (и кои се знаците дека мора да одите на лекар... Ако вашето дете проголта повеќе од еден магнет, тие може да се привлечат еден ко...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...
Најопасните предмети во детска соба, според доктори од брза помош Секоја година има илјадници случаи на деца кои се повредиле од греалки – некогаш...
На 40 години конечно сфатив - мама беше во право! На секој мој несмасен обид да се вратам во времето и да поправам сè, мајка ми се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg