Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најопасните предмети што може да ги проголта мало дете (и кои се знаците дека мора да одите на лекар)

Ако вашето дете проголта повеќе од еден магнет, тие може да се привлечат еден кон друг во неговото тело и да се оштетат желудникот или цревата.

kako-da-prepoznaete-dali-deteto-goltnalo-nekoj-predmet-i-na-shto-da-bidete-osobeno-pretpazlivi-01.jpg

Секоја година по илјадници деца голтаат различни предмети, а децата на возраст од 6 месеци до 3 години имаат најголема веројатност да проголтаат нешто што не треба.

Иако повеќето предмети што ги голтаат децата се безопасни и без проблем се пренесуваат низ дигестивниот систем и излегуваат со изметот, сепак, понекогаш проголтаните предмети се заглавуваат во хранопроводот.

Во ваквите случаи, лекарот ќе треба да го отстрани предметот.

kako-da-prepoznaete-dali-deteto-goltnalo-nekoj-predmet-i-na-shto-da-bidete-osobeno-pretpazlivi-02.jpg

Како да препознаете дали детето проголтало некој предмет?

Децата се непредвидливи и понекогаш може да проголтаат нешто и притоа да не ги забележиме.

Откако ќе проголта некој предмет, детето може да нема никакви симптоми, но индикациите дека нешто не е во ред може да вклучуваат кашлање, лигавење, крвава плунка, треска, одбивање храна и повраќање. Болката во вратот, градите или грлото може да биде уште еден знак.

Ако забележувате некој од овие симптоми или детето има проблеми со дишењето, испушта чуден звук при дишењето, ако не може да зборува, кашла или плаче, уште веднаш обратете се на лекар.

kako-da-prepoznaete-dali-deteto-goltnalo-nekoj-predmet-i-na-shto-da-bidete-osobeno-pretpazlivi-03.jpg

Кои предмети се многу опасни ако ги проголта вашето дете?

Магнет

Ако вашето дете проголта повеќе од еден магнет, тие може да се привлечат еден кон друг во неговото тело и да се оштетат желудникот или цревата.

Труењето на крвта е уште еден можен и сериозен проблем.

Мали кружни батерии

Овие батерии се сериозна опасност за децата. Ако некоја се заглави во хранопроводот, може да го изгори за неколку часа.

Ако детето е постаро од 1 година, може да давате 2 лажички мед на секои 10 минути додека да стигнете во болница, со цел да се обидете да спречите повреда. Сепак, најпрво јавете му се на матичниот лекар за да ви каже што точно да правите додека да стигнете во болница.

Штом предметот ќе дојде до стомакот, ситуацијата е помалку сериозна.

Остри предмети

Ако предметот е остар или голем, може да го блокира дишењето.

Не обидувајте се да го извадите предметот за да не предизвикате поголема штета, туку уште веднаш обратете се кај вашиот лекар.

kako-da-prepoznaete-dali-deteto-goltnalo-nekoj-predmet-i-na-shto-da-bidete-osobeno-pretpazlivi-04.jpg

Ако вашето дете проголтало помал предмет и не покажува знаци на негодување, тогаш може да му ја следите столицата и да видите дали предметот ќе го исфрли преку изметот.

Повеќето работи што децата ги голтаат поминуваат низ дигестивниот систем и излегуваат во рок од неколку дена.

Ако лекарите се загрижени, може да препорачаат рендген или ултразвук за да видат каде е предметот.

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

6 работи кои НЕ треба да му ги кажете на родител кој го загубил своето дете „Сè се случува со причина“ – ова е најизлишната фраза што можете да ја искористи...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Писмо од вашето дете до вас: „Мамо, не брзај да ме направиш возрасен, дозволи ми да бидам дете“ Мамо, покажи ми дека секогаш можам да зборувам со тебе. И кога ќе пораснам, ќе м...
7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
„Родителите ме тепаа и немам трауми“ – Грешките на родителите што несвесно ги пренесуваме врз децата Колкупати ви се случило да слушнете некој израз што го кажуваат вашите деца и да...
Првите 3 години од родителството се најтешки - после станува полесно Моето родителство се промени кога дознав дека критичните години се само првите т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg