Бакнување на детето во уста - Да или не?
Бакнувањето на децата во уста е една од оние работи кои модерните мајки ги практикуваат, ама овој гест често знае да наиде на осуда од околината.
Кога Хилари Даф сподели на својот Инстаграм профил фотографија на која го бакнува својот 4-годишен син, не очекувала дека ќе наиде на „експлозија“ од различни коментари.
Еден од фановите дури и го окарактеризира бакнежот како „педофилски гест“, а повеќето ја осудуваа и објаснуваа како постојат и други начини за изразување на љубов.
Поранешната Дизни ѕвезда не остана „должна“ и упати жесток одговор кон сите критичари.
„Сите ограничени умови кои мислат дека тоа што сум го бакнала 4-годишниот син во уста е лошо, можат слободно да кликнат Unfollow“ - порача Хилари.
Во Јули, минатата година, Викторија Бекам, познатата модна дизајнерка и поранешен член на групата Спајс Грлс, се најде во центарот „лавина“ од негативни критики откако објави фотографија на социјалните мрежи во кои ја бакнува својата 5-годишна ќерка Харпер.
Повеќе од 5.000 луѓе оставија коментар на оваа фотографија, а мајките ширум светот ја поддржаа.
Што велат експерите?
Авторката на книгата „Cheat on Your Husband (With Your Husband)“, Андреа Сирташ, тврди дека нема ништо лошо во тоа што мајката го бакнува своето дете во уста како и дека овој чин не мора да има сексуална конотација.
Што мислите вие?
Н. Г. | Црнобело