Дечиња направиле иста фризура, за учителката да не може да ги разликува (фото)
Бидите подготвени за вест која ќе ве разнежни и измами насмевка на лицето.
Лидија Роузбуш, мајка на петгодишниот Џекс, ја објави на Facebook комичната приказна за нејзиниот син, кој сакал да има иста фризура како неговиот најдобар пријател Реди, а сè со цел лукаво да ја „измамат“ наставничката на училиште.
Оваа објава го обиколи светот поради една посебна причина: Џекс е бел. Реди е со темна боја на кожата.
Првично, Роузбуш ја сподели фотографијата од двете момчиња направена во декември, пред потстрижувањето на Џекс, со зборовите:
Утрово, Џекс и јас разговаравме за неговата дива коса. Му реков дека му е потребно потстрижување овој викенд. Тој ми одговори дека сака ја си ишиша косата многу кратко, за да може да изгледа како неговиот пријател Реди. Ми рече и дека не може да дочека да оди на училиште во понеделник со иста коса како таа на Реди, така што неговата учителка нема да може да ги разликува. Мисли дека ќе биде многу смешно да ја збунат учителката со иста фризура.
Според неговата мајка, Џекс воопшто не сфаќа дека неговиот пријател е со темна боја на кожата (или дека тој е бел). Но, тој има само пет години, и тоа е навистина неодоливо.
Ако ова не е доказ дека омразата и предрасудите се нешто што се учи, тогаш не знам што е. Единствената разлика која Џекс ја забележува помеѓу двајцата е нивната коса.
Џекс ја добил посакуваната фризура, а мајката ја постави фотографијата по потстрижувањето.
Ги разликувате?
М. А. | Црнобело