Што им се случува на бебињата во стомакот, ако мајката пуши цигари?
Иако штетното влијание на цигарите е доста познато, тоа не ги спречува луѓето да престанат да пушат цигари, и да ја откажат таа грозна навика. Некои жени одат до тие екстреми што пушат додека се бремени, и притоа тврдат дека пушењето неможе да му наштети на процесот на развој на неоформениот фетус.
Докажано е дека пушењето во текот на бременоста има сериозно загрижувачки ефект врз накачување на ризикот од предвремено породување, проблеми со дишењето кај бебињата и намалена телесна тежина.
Во ново истражување, надгледувана е бременоста на 20 жени од кои 16 не пушеле цигари, а 4 пушеле во просек по 16 цигари на ден. Направени се ултразвуци кај сите 20 жени помеѓу 24-тата и 36-тата недела од бременоста.
На сликата во горниот ред се бебиња кои биле изложени на директно внесен чад од цигари, а во долниот се ултразвуци од бебиња чии мајки не пушеле цигари.
Во ова истражување откриено е дека пушењето има сериозно влијание врз мобилноста на фетусот. Тоа може да придонесе до сериозни нарушување во развојот на нервниот систем кај фетусот.
Независно дали бебињата се сè уште сигурни и скриени во стомакот на мајката или се веќе родени, децата на мала возраст никогаш не треба да бидат изложувани на чад од цигари. Кај новородените деца тоа може да придонесе до појава на синдром на ненадејна смрт, и понатомошни проблеми поврзани со чести настинки, астма, и различни видови на инфекции.
А. В. | Црнобело