20 знаци дека вашето дете е надарено - Ваше е само да ги препознаете
Само оние кои се посветени и внимателно ја следат состојбата на нивното дете, може да ја откријат надареноста.
Не е сè до вродената интелигенција, ниту пак надареноста може да се процени и оцени само на училишта. Децата секојдневно може да ви покажуваат колку се надарени, а повторно вие да не ги забележите знаците.
Надарено не е само она дете кое свири клавир трипати во неделата, четирипати оди на час по англиски и има низа спортски успеси.
Нараденоста не е само некоја вештина со која детето се истакнува од останатите. Таа може да биде скриена или срамежливо да ѕирка. Ако лесно ја воочите, уште полесно ќе исплива на површина.
Затоа, важно е да знаете дека надареното дете...
1. Учи брзо, ефикасно и лесно.
2. Има изразено богат вокабулар за своите години.
3. Покажува моќ за расудување.
4. Има исклучиво добра меморија, но се мачи со учењето напамет.
5. Не му треба многу контрола - способно е само да се контролира.
6. Покажува сериозна наклонетост за ред и доследност.
7. Покажува љубопитност за светот околу себе и често поставува провокативни прашања.
8. Размислува флексибилно и одлично ги поврзува навидум нелогичните работи.
9. Солидно е на повеќе полиња.
10. Концентрацијата му е силна страна.
11. Не размислува долго, туку дава брзи одговори на прашањата.
12. Снаодливо е и знае проблемите да ги реши на свој начин.
13. Покажува страст кон неколку интелектуални полиња.
14. Често се изразува на свој начин, не копира зборови и мисли.
15. Нема проблем со апстрактните поими.
16. Емоционално е сигурно и стабилно.
17. Секогаш се обидува да доминира во ситуација помеѓу своите врсници.
18. Го користи здравиот разум.
19. Подготвено е да прифати било какви сложени задачи.
20. Отворено е за идеи, концепти и луѓе со кои не се соочува секојдневно.
М. Д. | Црнобело