3 во 1 бебешка комода: Неопходно парче мебел за сите родители
Немања Кисо е дизајнерот на едно иновативно парче мебел кое во голема мера го олеснува животот на новите родители, истовремено заштедувајќи драгоцен простор.
Неговата „бејби комода“ се состои од три делови: креветче, дел за бањање и облекување и фиоки за облека.
Секој од овие делови е поврзан за главната оска и може да ротира согласно потребите на родителот или просторот.
„Бејби комодата настана од идејата, преку иновативен пристап и необичен дизајн, да им помогнам на родителите во намерата да имаат сè што име е потребно на дофат на рака кога е во прашање нивното бебе. Верувам и дека успеав во мојата намера“ – изјавува тој.
Благодарени на неговата функционалност, димензии и облик, овој дизајн е погоден за секакви станбени објекти, а особено за оние кои имаат помала квадратура. Исто така, тој е лесно пренослив па можете да го носите со вас дури и на патувања и да го поставите во хотелската соба, со што бебето би имало свое катче за спиење.
М. С. | Црнобело