Како да го мотивирате вашето дете повеќе да учи?
Ако сакате вашето дете да биде добар ученик, процесот на учење не треба да му биде ограничен само во рамките на училницата.
Иако вештините со кои се стекнува таму се од суштинско значење, за неговиот интелектуален и социјален развој, не помалку значаен е и светот на идеите кои вие имате задача да му го откриете.
Желбата да открива нови и нови работи, преку проширување на неговиот видик, ќе има влијание и врз задачите во училиштето.
1. Исполнете го светот на детето со книги
Одберете некоја интересна книга и започнете наизменично да ја читате со вашето дете. Може да создадете и семејна традиција, литературни вечери, на пример, во кои секој член од семејството ќе чита по еден краток извадок од книгата која ја чита во моментот. Оваа традиција, дури и без да ја планирате, најверојатно ќе поттикне и дискусија, која ќе биде многу полезна за вашето дете.
2. Охрабрете го детето да го изрази своето мислење, да зборува за своите чувства и да прави сопствени избори
Нека детето само избере гарнир за вечерата, дајте му слобода само да учествува во вон наставни активности. Побарајте од него да учествува во донесувањето на семејни одлуки (таму каде што ситуацијата дозволува) и покажете му дека го цените неговото мислење.
3. Пристапете со ентузијазам кон работите кои му се интересни на детето и охрабрете го да го проучува она што го влече
Ако детето се интересира за коњи, понудете му интересни приказни со коњи низ книгите или дури и на интернет, или предизвикајте го да открие барем пет интересни факти за коњите и да ви ги раскаже.
4. Обезбедете ситуации и средства за игра кои поддржуваат различни методи на учење - од слушање и визуелизација, до сортирање и редење
Подредувањето, комбинирањето и поврзувањето на различни елементи ќе го развијат креативното размислување и вештината за решавање на различни задачи. Сепак, не заборавајте да му оставите на детето доволно простор и време за да дојде до видливи резултати.
5. Внимавајте на новите работи кои и вие ги дознавате
Дискусутирајте со детето за различните начини преку кои барате и откривате нови информации, без разлика на темата. Кажете му што ви го привлекло вниманието и како сте дошле до тоа. Барајте заедно дополнителни информации за нештата за кои тоа се интересира.
6. Прашајте го детето што научило во училиште, не го распрашувајте за оценките
Замолете го да ви раскаже што научило денес. Така, повторувајќи ги лекциите со свои зборови, детето подобро ќе го запамети наученото. Што се однесува до оценките - тие не секогаш се вистински критериум за знаењето и вештините.
7. Помогнете му да постави ред во учењето дома
Ако задачата која ја има за домашно, изгледа премногу застрашувачка и тешка, тогаш детето ќе помине повеќе време во грижа, отколку во учење. Бидете во близина и и доколку забележите дека ова се случува понудете му помош.
8. Славете ги и најмалите достигнувања
Наградувајте го детето за секоја добро завршена работа, пофалете го, исполнете му некоја желба која поодамна ја посакува, секако без да ѝ придавате особено значење на самата награда, која во секој случај треба да биде симболична. Така ќе му обезбедите на детето позитивната поддршка и мотивација да постигнува повеќе и повеќе.
9. Фокусирајте се на неговите квалитети, а не на неговите недостатоци
Кога детето има проблем со математиката, но во исто време пишува неверојатни есеи - подарете му помагало со задачи, а додадете и убав тефтер. Така ќе ги зајакнете неговите талентите и ќе му помогнете со тешкотиите без да му наметнувате чувство на помала вредност.
10. Разговарајте за различни настани од секојдневниот живот
Охрабрете детето да се интересира за различни теми од секојдневниот живот и светот, да се вклучува во интересни разговори и да се запознава со нови луѓе.
М. С. | Црнобело