8 работи кои треба да ги знаете после породување со царски рез
Како и по секоја операција, така и по царскиот рез потребно е време за опоравување, при што најважно е зараснувањето на раната.
Опоравањето во просек трае околу 6 недели, а во тој период жената мора да почитува неколку правила и да не прави одредени активности.
1. Во 6-те недели опоравување избегнувајте да подигате било што што е потешко од вашето бебе. Домашните обврски исто така се вклучени во листата на „забрането“.
2. Не се препорачува да возите барем 6 недели по породувањето. Секое движење може да биде болно и непредвидливо.
3. Не заборавајте да пиете многу течности.
4. Избегнувајте да спиете на стомак. Така само го отежнувате заздравувањето, бидејќи му создавате притисок.
5. Избегнувајте да користите скали барем 2 недели по царскиот рез. Ако вашата спална соба или собата на бебето е на спрат, преместете се привремено како не би морале повеќепати дневно да се качувате и симнувате.
6. Избегнувајте сексуални односи барем 6 недели. Потребно е време за раната да заздрави.
7. Ако добиете температура или чувствувате болка која не поминува и се засилува, никако не го игнорирајте тоа. Може да се работи за инфекција.
8. Избегнувајте бањање во када. Одбирајте туширање. Избегнувајте базени и топли купки додека не престанете да крвавите. Исто така, избегнувајте користење тампони.
М. Д. | Црнобело