Како редоследот по кој сте родени влијае на вашиот карактер?

Сигурно досега сте слушнале дека најстарото дете во семејството обично е поодговорно, а единците се разгалени и себични. Но, дали овие црти се само стереотипи или има нешто точно во нив?

kako-redosledot-po-koj-ste-rodeni-vlijae-na-vashiot-karakter-01.jpg

Како, според тоа кое дете по ред сте родени, ви се гради карактерот?

Теоријата дека редоследот на раѓање го одредува карактерот започнала да се развива уште во 1920-та година благодарение на Зигмунд Фројд и неговиот колега Адлер.

Тие биле убедени дека:

Првороденото дете е конзервативно, насочено кон тоа да стекне моќ и да стане лидер. Бидејќи постарите деца често ја преземаат одговорноста за своите помлади браќа и сестри, првото дете кога ќе порасне станува грижливо, повеќе има желба да стане родител и поголема е веројатноста да преземе иницијатива.

Второроденото дете често се бори да го/ја надмине својот/а постар брат или сестра, па и темпото на развој и достигнување зрелост е побрзо. Средните деца во семејството често се амбициозни, но ретко се себични. Често си поставуваат нереално високи идеали и цели, па заради тоа и почесто се соочуваат со поголеми проблеми во животот.

Детето кое е родено последно по правило добива најмногу внимание и грижа од родителите, па дури и од постарите браќа и сестри. Токму заради тоа, во животот немаат доволно искуство и често се зависни од туѓото присуство. Но, и покрај тоа, обично се многу мотивирани да ги надминат своите постари браќа и сестри. Често стануваат спортисти, музичари или уметници. По природа се неверојатно дружељубиви.

Единецот во семејството нема со кого да се натпреварува, а бидејќи целата грижа му е посветена само на него, обично до крајот на животот очекува некој да се грижи за него. Обично е зависно од другите луѓе. Многу деца кои немаат браќа и сестри стануваат перфекционисти и тежнеат да ги остварат своите цели без разлика на сè.

kako-redosledot-po-koj-ste-rodeni-vlijae-na-vashiot-karakter-1.jpg

Неодамна, популарно стана верувањето дека редоследот на раѓање има влијание и на интелигенцијата. Истражувачите од Универзитетот во Лајпциг на основа на испитување на 20.000 луѓе откриле дека постарите деца обично имаат повисок скор на тестот за интелигенција.

kako-redosledot-po-koj-ste-rodeni-vlijae-na-vashiot-karakter-2.jpg

Едно истражување направено на 377.000 средношколци во Америка открива дека првородените имаат тенденција да бидат искрени и доминантни, но се помалку комуникативни и не се отпорни на стрес. Средните деца се совесни и одговорни. Најмладите се отворени и комуникативни. А, единците се нервозни, но и истовремено комуникативни.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg