Правила за воспитување на девојчињата кои секоја мајка треба да ги знае

Познатата блогерка Кариса Ансел напишала интересен текст за тоа како најдобро да воспитувате девојче. Нејзиниот текст стана вирална сензација, а не е тешко да се разбере зошто.

najvaznite-pravila-vo-vospituvanje-na-devojcinjata-koi-sekoja-majka-treba-da-gi-znae-01.jpg

Еве што порачува таа:

1. Вашата шминка сега е и нејзина

„Мојата ќерка сака да става сè на себе. Со време ќе ја научите како да се шминка, а додека е мала заедно ќе се забавувате.“

2. Иако е непријатно, важно е да кажете сè за менструалниот циклус

„Сакам да биде подготвена кога ќе дојде првиот момент. Моја работа е да бидам отворена и да ја научам на начините на кои ќе се менува нејзиното тело.“

3. Светот бара премногу брзо да созрее

„Ваша задача е да се погрижите да ѝ дадете до знаење дека треба да си го сака детството.“

4. Охрабрувајте ја и поддржувајте ја во врската со татко ѝ

„Важно е да има машка личност во животот која ќе знае како да ја сака за подоцна и самата да знае да најде човек кој ќе ја сака.“

5. Научете ја на вредноста на парите и заштедата

„Во надеж дека еден ден ќе биде финансиски независна.“

6. Внимавајте како зборувате за своето тело пред неа

„Така секоја жена учи пример за тоа како подоцна и самата да гледа на сопственото тело. Иако има само 8 години, свесна е за проблемите со телото и е загрижена.“

7. Заштитете ја, ама научете ја и да се бори за себе

„Светот треба да знае за силни жени. А, колку и да сакате да се грижите за неа, морате да ја научите и да биде самостојна.“

8. Давајте ѝ комплименти за многу други работи освен изгледот

„Мора да знае дека има повеќе во неа од само нејзиниот изглед. Кажувајте и дека е паметна, смешна, нежна, љубезна...“

9. Научете ја да внимава како се однесува не само со себе, туку и со другите

„Таа ве гледа и сама учи. Ние сме им најголеми учители на сопствените деца, па треба да ги научиме да се почитуваат себе и другите.“

10. Научете ја да ги следи соништата

„Бидете ѝ пример дека е важно да работи што сака и да ги следи своите страсти. Јас со мојата ќерка ги делам блогерските цели и успеси и секогаш ја учам и самата да ги следи соништата.“

11. Научете ја да биде паметна во однесувањето со момчињата и мажите

„Важно е да верува на своите инстинкти и да ви се обрати кога мисли дека нешто не е во ред.“

12. Научете ја да се однесува со почитување кон сопственото тело

„А, ова треба и самите да и го покажете со пример.“

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg