Научете да им кажете НЕ МОЖЕ на децата

Судејќи според резултатите од најновите психолошки истражувања, сè поголем број родители ја применуваат тактиката „може сè што сакате“, за разлика од бројот на родители кои важат за строги и авторитативни.

Naucete-se-da-im-kazete-NE-MOZE-na-decata-01

Попуштањето е последица на настојувањето на родителите да им удоволат на своите деца, како не би се карале со нив постојано и би биле помирни.

Сепак на тој начин им нанесуваат повеќе штета отколку корист на сопствените деца, кои во најголем дел од случаите воопшто не знаат што значи зборот дисциплина.

Сето тоа се манифестира со постојано плачење за нови и нови играчки, само за да се има повеќе од некој друг.

Децата не знаат што е тоа почит, па кон сите околу нив се однесуваат некултурно и невоспитано. Штом не го добијат тоа што го сакаат веднаш почнуваат да плачат и вриштат знаејќи дека родителите нема да издржат да ја трпат долго таа „драма“ и ќе им ги исполнат желбите.

Родителите на тој начин создаваат погрешна слика за вистинските вредности кај своето дете, па не треба да се зачудат ако утре тоа се претвори во нешто што навистина не очекувале.

Следните 10 совети ќе ви помогнат да се вратите на вистинскиот пат кога е во прашање воспитувањето на вашите деца:

1. Поставете јасни граници и стандарди за тоа што е дозволено, а што не. Пофалете ги кога ќе направат добро дело и прекорете ги кога грешат. Сепак сето тоа правете го постепено.

2. Уште однапред објаснете му ги на детето последиците од несоодветното однесување, секогаш држете се до казните кои сте му ги навеле и објаснете му зошто е казнето.

3. Не попуштајте пред неговите хистерични напади, бидејќи ако еднаш му успее, тоа ќе го прави постојано. Не му викајте и не му се заканувајте. Внимателно и со одбрани зборови објаснете му каде згрешило и зошто не смее никогаш да прави така.

4. Очекувајте разговори на незгодни теми, особено со тинејџерите. Ако тие се претворат во гласна дискусија, смирете го детето и продолжете го разговорот подоцна. 

5. Барајте од децата да научат да чувствуваат одговорност за тоа што го прават. На пример, доколку скрши некоја играчка во момент на бес не трчајте да му купите веднаш нова, туку објаснете му дека мора да води сметка за нештата.

6. Наметнете последици за неговите постапки. Ако сте кажале дека нема станување од ручекот, а тоа сепак стане и шета, тргнете ја неговата чинија и соочете го со последиците кои сте му ги кажале. Не попуштајте во ниту еден момент!

7. Сите деца понекогаш лажат. Обидете се да сфатите зошто го прават тоа. Како деца тоа е најчесто знак на потреба од внимание, но како тинејџери настојувајте да ја извлечете вистината од нив. Ако во меѓувреме избувне кавга прекинете го разговорот и подоцна внимателно објаснете му што сè повлекува со себе криењето на вистината.

8. Не претерувајте со забрани бидејќи тоа може да биде и контрапродуктивно. Дајте им избор и објаснување зошто им забранувате нешто. Ако вашата ќерка тинејџерка сака пирс на носот бидејќи тоа е многу популарно, предложете и да носи лажен силиконски пирс кој се лепи и одлепува објаснувајќи ѝ дека нејзината возраст не е време за донесување такви важни одлуки.

9. Секогаш зборувајте потврдно. Избегнувајте речениците да ви започнуваат со „Немој“, „Прстани“, „Не смееш“... Кога децата го слушнат ова, уште однапред сте ја изгубиле шансата за конструктивен разговор.

10. Ограничете го времето кое детето ќе го поминува во гледање телевизија или играње на компјутер. Изберете некоја креативна активност како цртање или боење и поминувајте повеќе време заедно.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg