Избегнете ги овие 10 грешки и зачувајте го животот на вашето дете
Драги родители, без оглед во какво седиште ги возите вашите деца имајте на ум дека неговата функција може да биде целосно искористена само ако истото правилно се употребува.
Ова се најчестите грешки кои родителите ги прават токму кога е во прашање безбедноста на нивните деца при управувањето со автомобилот.
1. Држење на детето во скут
Секој кој мисли дека при возење со автомобил детето е најсигурно во неговиот скут, целосно е во заблуда. Колку и да е мало детето од силата на ударот ќе излета од вашиот скут.
2. Врзување со истиот појас
Дури и во случај кога родителите ќе го врзат појасот заедно со детето, го загрозуваат неговиот живот, бидејќи при судир поголемото тело ќе го згмечи помалото. Исто така, безбедносниот појас може да биде поставен во лоша положба.
3. Сигурносниот појас на детето не е врзан доволно цврсто
Секогаш проверувајте дали сигурносниот појас на детето е правилно врзан и не е премногу лабав.
4. Дете во корпа за носење на задното седиште
Ја ставивте корпата за носење на детето на задното седиште? Никогаш не правете го тоа. Во случај на фронтален удар силата ќе го повлече бебето наред и ќе го отфрли од корпата.
5. Некористење на безбедносните појаси на детските седишта за автомобил
Да го ставите детето во седиштето во автомобилот без притоа да го врзете со безбедносните појаси е исто како да го возите надвор од седиштето. Дури и при најмал судир тоа може да доведе до тешки последици.
6. Активирано воздушно перниче
Детските седишта не треба никогаш да ги поставувате на предното седиште доколку е активирано предното воздушно перниче, бидејќи при судир може да дојде до појава на значајни повреди.
7. Детско седиште од групата 0+ монтирано во насоката на движење
Доколку го поставите детското седиште од групата 0+ во насоката на движење можете да го доведете вашето дете во сериозна опасност доколку доживеете судир. При фронтален удар кај детето поставено на тој начин може да дојде до кршење на вратот, бидејќи детската глава е несразмерно поголема од телото. Токму затоа ваквите седиште се дизајнирани за поставување спротивно од насоката на движење.
8. Погрешно поставено детско седиште
Вашето дете може да биде изложено на сериозен ризик доколку седиштето не е правилно оставено, безбедносните појаси не се правилно врзани или доволно затегнати. Колку е седиштето поцврсто поставено, толку е побезбедно детето.
9. Неправилна употреба
Доколку на детското седиште е направена каква било измена на пример на текстилните или подвижните делови, сигурноста на вашето дете веќе не е загарантирана. Деловите кои недостасуваат, исто така, може да имаат фатални последици. Доволно е да недострасува само еден шраф и седиштето да се искрши при судир.
10. Лошо одржување на седиштето
Доколку детското седиште не одговара на висината или тежината на вашето дете треба да го замените со ново, бидејќи на тој начин ја немате доволната безбедност за детето.
М. С. | Црнобело