Совет од еден татко кон неговата ќерка: „Побарај чесен, не незаситен волк“
На социјалните мрежи, едно писмо стана вистинска емотивна сензација која успеа да расплаче многу луѓе.
Во писмото, еден татко искрено се обраќа на својата ќерка и ѝ објаснува што да бара во животот.
„Мое најдраго девојче, дозволи ми да ти кажам нешто за момците и честа.
Кога бев мал, од девојките не го посакував истото што и моите пријатели. Сакав избраничката да се смее додека ме држи за рака. Но, држењето за рака е за слабаци, велеа моите ортаци.
Ужасни работи се случуваат во главите на момците кои ќе се осудат да се спротивстават на другите членови од „машката глутница“.
Како и кај волците, тие не сакаат да бидат оставени сами, од страв дека „глутницата “ ќе почне да ги лови нив.
Па, кога ќе те натераат, и ти мораш да ја заколеш невината газела, за да бидеш дел од нив, од нивното „племе“.
Би сакал да можев да кажам дека твојот татко беше чесен кога беше млад, но тоа не е вистина.
Татко ти трчаше со глутницата, а некое време стана и нејзин лидер.
Како бесен волк или незаситен вампир.
Се хранеше со оние послабите и лесниот плен.
Постои одредено време кога момците се несигурни. Можеби и затоа одиме во лов на жени.
Честа ја видов на многу различни начини од другите луѓе.
Една вечер нашата група седеше во локално кафуле и пиеше пиво, кога еден од момците почна да се фали за своите подвизи и како тоа успеал да се извлече со неверство. Од позадината се слушна коментар, „каков беден изговор за маж“.
Смеата замре, а сите се загледаа рамнодушно во своето пиво, одбивајќи да го погледнат човекот кој се осуди да ги предизвика.
Не знам како ќе изгледаат иднината и состаноците за тебе или како момците ќе се однесуваат кон тебе.
И сега знам, дека колку и да посакувам, не можам да те заштитам од сите волци и вампири. Тоа ќе мораш да го научиш сама.
Но, можам да ти кажам што да бараш. Барај чест.
Побарај интегритет, несебичност, жртвување и сочувство. Пронајди ги оние кои се борат за правда и верност. Но, пред сè, побарај ги луѓето кои умеат да покажат кроткост и нежност. Немој да се прелажеш, како многу други пред тебе, да помислиш дека тоа е слабост.
Кроткоста е сила замотана во скромност, драга моја ќерко.
Тоа е сила под контрола, во свет кој е толку многу без контрола.
Не ги мешај ласкавите зборови и придржувањето на вратата со чест. Наместо тоа, гледај како ги третира другите луѓе околу себе, келнерите, бездомниците, просјаците...
Бидејќи ако видиш како ги третира луѓето кои се во неволја ќе видиш како ќе те третира и тебе кога си во неволја.
Послушај ја оваа мудрост и нема да останеш разочарана, иако и чесните и нечесните понекогаш ќе ти го скршат срцето.
Нечесниот ќе раскине со тебе преку порака, Твитер, Фејсбук или едноставно ќе те игнорира. Но, чесниот ќе ти го скрши срцето лице во лице.
Не очајувај, ќерко моја, бидејќи додека го читаш ова, можеш да почнеш да веруваш дека чесните луѓе одамна исчезнале, пред ти да се родиш. Но, тие и понатаму постојат.
Мораш да ги бараш и пронајдеш, а тоа, да, може да трае со години.
Во својата потрага ќе наидеш на многу нечесни луѓе.
Не ги обвинувај за тоа што немале татковци кои требале своите синови да ги научат како треба.
Многу од нив пораснале без машка фигура во животот, да им објасни што е чест и интегритет.
Сожалувај ги.
А, твоето внимание насочи го на другите мажи кои гледаш дека се однесуваат чесно.
И да завршам, ќеркичке моја. Откако се роди, моето срце стана твое и никого повеќе не сум сакал да заштитам, прегрнам и да гледам додека се смее.
Еден ден, се надевам дека ќе го запознаеш мажот кој го посакува истото.“
Н. Г. | Црнобело