8-годишно момче отворило своја пекара за да купи куќа за неговата самохрана мајка
8-годишниот Џејлен Бејли научил од својата мајка како да ги штеди своите пари. Тоа значело дека прво успеал да си купи миксер за тесто. Така, дошол поблиску до својот сон да си отвори своја пекара.
Летово, сонот конечно станал реалност кога успеал во домот каде живее со неговата самохрана мајка, Шаронда Махан, да отвори своја пекара.
Моментално сака да заштеди доволно пари за да купи нова куќа за неговата мајка.
Махан е таа која првпат го вовела својот син во светот на бизнисот и претприемништвото, бидејќи и самата дипломирала бизнис на Универзитетот во Феникс, а веќе на 18 години се обидела да создаде свој бизнис.
Уште од најмала возраст го учела својот син колку е важно добро да се менаџира со парите.
„Уште од најмала возраст го учев за претприемништво. Му покажував видеа и му читав приказни за други деца кои отвориле свои бизниси уште на мала возраст.“ - вели гордата мајка.
Моментално, тој продава печива од неговиот дом, а неговата пекара едноставно ја нарекува „Jalen's Bakery“.
Н. Г. | Црнобело