Најлошата мајка во светот: Ја турка количката со синот додека се вози во автомобил (видео)
На социјалните мрежи се појави видео кое многумина ги шокираше. Во него се прикажува мајка која додека е во автомобил, од страна ја турка количката во која е нејзиниот син.
Жената, по име Анастасија, е снимена како ја турка количката од страна покрај автомобилот.
Видеото е направено во Караганда, централен Казакстан.
Близок пријател на семејството ја направил оваа видео снимка и решил да ја објави, а истата очекувано, доби многу негативни коментари.
„Незрело однесување. Ги прекрши сите закони за безбедност и го загрози животот на својот син“ - коментирале.
Мајката се обидела да го оправда своето однесување: „Го сакам мојот син. Тој уживаше во ова. Никогаш не би го загрозила неговиот живот. Видеото требаше да биде приватно“.
Локалната полиција моментално размислува за можна казна. Портпаролот на полицијата изјавил: „Го проверуваме видеото и наскоро ќе донесеме одлука“.
Н. Г. | Црнобело