Додека бебето спие, не е ни свесно дека неговата мајка го претвора во славна ѕвезда
Новопечените родители не сакаат да поминат ниту минутка одвоени од своето бебе, дури и кога малечките спијат.
Фотографката Лора Изумикава Чои пронашла совршен начин како да помине уште повеќе време со слатката Џој и воедно да ја развива својата креативност.
Додека Џој ужива во пладневната дремка, мајка ѝ ја облекува во костими кои ја одбележуваат популарната култура.
Низ серија фотки, Џој станува минијатурна верзија на Бијонсе, Пикачу, Хан Соло, Ариел од „Малата сирена“, и многу други ликови.
„Ова е начин да се одбележи нејзиното растење. Навистина се надевам дека ќе ги види сликите и видеата во иднина и добро ќе се насмее.
Надежно, таа ќе види колку многу била сакана“, завршува нејзината мајка.
(О)Милена | Црнобело