Идна мајка со фотосесија решила да му соопшти на сопругот дека ќе стане татко
Бриана Доу не можела да дочека да му ја соопшти среќната вест на својот сопруг дека ќе стане татко, но сакала да го овековечи моментот кога тој ќе ги слушне убавите вести.
Токму затоа, во договор со фотографката Саманта Бос, тие направиле фотосесија, за која на почетокот нејзиниот сопруг мислел дека е обична фотосесија за парови.
За таа цел, фотографката избрала прекрасна природна средина, а двајцата сопружници имале таблички во рацете на кое со неколку зборови требало да се опишат еден со друг.
И додека Брендон напишал „Љубов, слатка, мила“, на табличката на неговата сопруга стојат зборовите „Ќе станеш татко“.
Штом фотографката им кажала да се свртат еден кон друг и да покажат што напишале, очите на Брендон веднаш се полнат со солзи и тој никако не може да ги задржи емоциите.
М. С. | Црнобело