Никогаш не можете да знаете кога последен пат детето ќе сака да го бакнете пред спиење...
Мачно ѝ е од сите задачи. Не може да го дочека денот кога нејзината ќерка ќе биде доволно голема сама да оди на училиште. Можеби тогаш барем малку ќе може да се посвети на себе.
Има и помал син кој не може да престане да плаче. Ноќите се бескрајни, а таа сака само малку да се одмори, дури и да се во прашање само неколку часа.
Сепак, решила да напише писмо кое ќе ви ги отвори очите:
„Од првиот ден кога ќе го прегрнете вашето бебе, повеќе не сте истата личност. Можеби ќе ви недостасува личноста која бевте претходно. Тогаш кога сте имале време и слобода. И тогаш кога не сте се грижеле за ништо посебно.
Ќе се запознаете со уморот како никогаш претходно, а деновите ќе ви поминуваат како сите да се исти, еднолични - хранење, подждригнување, менување пелени. Плачење. Жалби и аргументи. Дремење или недостаток на дремење.
Ќе ви делува како да е круг без крај. Но, не заборавајте дека постои последен пат за сè.
Ќе дојде денот кога последен пат ќе го нахраните свето бебе. Кога ќе ви заспие на рамо после долгиот ден. И ќе дојде моментот кога последен пат ќе заспие во вашите прегратки.
Еден ден ќе посакаат сами да заспијат.
Една вечер ќе им ја чешлате косата во када, а веќе другиот ден ќе сакаат сами да се бањаат.
Ќе ве држат за рака додека преминуваат улица, а потоа никогаш повеќе нема да ве замолат за тоа.
Ќе ви влагаат во спална, длабоко во ноќта, бидејќи не можат да заспијат, а потоа ќе дојде денот кога никогаш повеќе нема да ве будат доцна во ноќта. Ќе ги бакнете пред да заминат на училиште, а следниот ден ќе ве замолат никогаш повеќе да не го правите тоа.
Ќе им ја прочитате и последната приказна пред спиење.
А, никогаш нема да знаете кога ќе биде тој последен пат. Па, и тогаш може да ви треба време да сфатите.
Затоа, живејте во тие моменти, бидејќи никогаш не можете да знаете кога засекогаш ќе исчезнат и кога ќе посакате да се вратите назад за да ги искусите.“
Н. Г. | Црнобело