Мајка на сопствената венчавка ја доела 9-месечната гладна ќерка (фото)
Фотка која стопли милион срца се прошири по социјалните мрежи со брзина на светлината, а на неа главна атракција е мајката која на својата венчавка го дои 9-месечното бебе Гема.
Среде церемонија, кога го кажувала судбоносното да, нејзиното бебе огладнело.
„Во црквата беше 40 степени, на Џема и беше жешко, ја пропушти попладневната дремка и беше навистина расплакана. Никогаш не го ставам моето млеко во шише со цуцла затоа што сакам да ја дојам. Во моментот не можев да ја оставам да плаче. Сè што можев да направам беше да ја надојам.
Штом еднаш ја земав во раце, можев да се смирам и да се фокусирам. Доењето среде венчавка беше мало мачење, но сите ме поддржаа. Сите сакавме Џема да биде со нас на денот.“
М. Д. | Црнобело