Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мерки за заштита кои треба да ги имате предвид ако чувате миленик и сте бремени

Бременоста е весел период за сите членови од семејството – вклучувајќи ги и домашните миленичиња. Иако во ниеден случај не треба да се откажете од нив во текот на блажените денови, треба да преземете некои мерки за заштита. Сепак, тоа се животни.

bremenost-i-domashni-zhivotni-nekolku-merki-na-zashtita-001.jpg

Мачките и кучињата се најчестите домашни животни, па сосема логично е да зборуваме за нив.

Најопасната инфекција која може да ја добиете од мачките е токсоплазмоза. Таа се добива од паразит кои мачките го добиваат или од друга мачка или од нивната столица така што ќе изедат живо месо. Тие ја шират инфекцијата преку нивната столица, така да исклучително важно е трудницата да не го чисти мачкиниот измет, или ако веќе мора, да користи ракавици.

Инфекцијата не мора да има последици на мајката, но може тие да се појават на детето – особено ако мајката никогаш немала таква инфекција, а првпат се зарази на почетокот од бременоста. Избегнувајте сами да чистите по својата мачка и не морате често да ја галите за време на бременоста.

Кучињата се малку побезбедни од мачките, но сепак треба и на нив да внимавате:

1. Не е пожелно вашето куче да го допира вашиот стомак.

2. Ако вашето куче има лоши навики како гризење и скокање, дресирајте го за да избегнете проблеми кога ќе дојде детето.

3. Редовно вакцинирајте го. Од особена важност е да бидете завршени со сите вакцинации пред да ви се роди бебето.

4. Ако сте особено блиски со вашето куче, замолете го партнерот или друг член од семејството да поминува повеќе време со него. Поради тоа што детето ќе ви одзема многу време и внимание, добро е за вашето куче да развие врски со други за да може полесно да се прилагоди на новите промени.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 најчести грешки кои ги прават родителите дури и без да забележат Дури и да ви делуваат смешни детските проблеми, во нивната глава тие се огромни ...
12 реални (и малку непријатни) ситуации во кои се нашле мајките барем еднаш, низ илустрации Мајките често се соочуваат со двојни стандарди, па се случува да бидат критикува...
Зошто љубовта на бабите и дедовците кон внуците е поинаква од онаа кон децата? Да се биде баба или дедо ти овозможува да бидеш родител каков што требаше да бид...
Психолошки трикови што може да ви ја спасат врската или бракот (низ илустрации) Не го обвинувајте партнерот и не избрзувајте со заклучоци. Кога се расправате, р...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
9 типа на однесување на родителите, што им се враќаат како бумеранг (низ илустрации) Ги издавате тајните на детето пред сите или го карате кога ќе ви се довери. Му в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg