Таа која секогаш ќе му ја отвори вратата...
Еден ден мажот и жената одлучиле дека никому веќе нема да му ја отвораат вратата и нема да дозволат никој да влезе во домот.
Следното утро токму звукот на ѕвончето било тоа што ги разбудило од мирниот сон.
Двајцата станале и ѕирнале низ шпионката забележувајќи дека пред вратата стојат родителите на мажот.
- „Нема да ја отвориме врата“ – си рекле, решени да се придржуваат до дадениот збор. По некое време родителите на мажот си заминале.
После некое време некој повторно заѕвонил на вратата. Повторно и двајцата погледнале. Овојпат пред вратата се наоѓале родителите на жената.
И овој пат решиле дека ќе се придржуваат до дадениот збор и нема да отворат, но жената почнала да плаче.
Мажот се нажалил и ја отворил вратата.
Поминало многу време од оваа случка... оттогаш семејството се проширило и добило четири сина.
Но, петтото дете – ќерката – била таа која најмногу го израдувала мажот.
Веднаш по нејзиното раѓање тој приредил голема гозба токму во нејзина чест.
Кога пријателите го виделе сето тоа не можеле, а да не прашаат:
- „Зошто толку многу се радуваш? Не беше толку радосен за ниту еден од синовите.“
Тој само се насмеал и им одговорил:
- „Се роди таа која ќе ми ја отвори вратата...“
М. С. | Црнобело