Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мајка критикувана зошто на Инстаграм објавила фотка од 10-месечната ќерка во костим за капење

Една мајка вели дека Инстаграм славата на нејзината ќерка, Миа Бирн е поголема отколку што некогаш претпоставувала дека ќе биде, па продолжува со објавување на фотографии, но на социјалните мрежи се соочила со критика дека ја сексуализира својата ќерка.

majka-napravila-od-svoeto-bebe-instagram-dzvezda-a-lugjeto-velat-deka-ja-seksualizira-01.jpg

Бебето кое е само 10 месеци старо добива голем број на лајкови дури и од славни личности како Клое Кардашијан и има над 124.000 следбеници Инстаграм профилот кој мајка ѝ го направила за неа.

На профилот можете да најдете фотографии од малечката Миа во бикини, имитација на крзно и дизајнерски брендови.

Нејзината мајка, Ејми Мекиндол вели дека никогаш не очекувала нејзината ќеркичка да има толкава слава, па решила да продолжува да објавува фотографии од неа.

„Сето ова започна само за забава“ - вели гордата мајка.

„Започнав да објавувам фотографии од неа кога имаше само 3 месеци и веднаш доби околу 10.000 следбеници, а до Божиќ бројката се зголеми на 50.000“.

„Тоа е затоа што Миа е уникатно бебе, а луѓето сакаат да ги гледаат нејзините фотографии за да откријат каде можат да ги најдат парчињата облека кои ги носи“ - вели мајката.

Добиваат позитивни критики, но од неодамна многу луѓе на социјалните мрежи изјавиле дека со облеката која ја носи малечката Миа, мајка ѝ ја сексуализира.

„Реакциите кои ги добиваме во главно се позитивни, но некои луѓе велат дека облеката не соодветствува за нејзините години и дека не треба да ја носи, но едноставно не обрнувам внимание на критиките“ - објаснува мајката.

majka-napravila-od-svoeto-bebe-instagram-dzvezda-a-lugjeto-velat-deka-ja-seksualizira-1.jpg

Овие реакции је јавиле посебно откако бебето било фотографирано во костим за капење.

„На еден негативен коментар доаѓаат илјадници позитивни. Некои луѓе едноставно не разбираат што правам“ - заклучува мајката.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
„Не морате среќното бебе да го правите уште посреќно“ и уште 6 корисни совети за идните родители „Не морате среќното бебе да го правите уште посреќно. Ако вашето бебе е среќно д...
Едвај чекам да ѝ кажам збогум за најлошата година во мојот живот 2024-та, барем за мене, се покажа како една од најнеубавите години во животот. И...
Мајка со видео од ќеркичката со Даунов синдром испраќа порака колку таа е совршена и прекрасна Една мајка со кадри од секојдневието на нејзината ќерка сака да прикаже колку мн...
Низ илустрации: Како да најдете заеднички јазик со децата (и да ја подобрите комуникацијата)? Не му ги забранувајте работите што му се важни и не ја наметнувајте вашата помош...
8 начини да развиете емпатија кај децата (и да спречите нарцисоидно однесување), низ илустрации Многу е лесно да препознаете кога некоја личност е нарцисоидна. Но, што ако овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg