50 моќни цитати кои го зацврстуваат карактерот на секое дете
Постои стара индијанска поговорка која вели: „Однесувајте се добро кон Земјата, таа не ви е подарена од вашите родители, туку позајмена од вашите деца“.
Во суштина, ние сè позајмуваме од нашите деца. Она што ќе се случува со општеството во иднина, во голема мера зависи од мудроста која ја пренесуваме на нашите деца.
Низа цитати досега биле давани на наставниците во Америка за да ги практикуваат на своите ученици, но можете да ги употребите и во домашни услови.
Овие цитати можете да ги употребувате на разни начини. Можете да ги практикувате за да им покажете на вашите деца како да се однесуваат или можете секојдневно заедно да ги читате...
1. Не е важно како изгледам, важно е како се однесувам.
2. Кон другите се однесувам онака како што другите сакам да се однесуваат кон мене.
3. Јас сум добар играч, ги следам правилата за фер игра.
4. Во ред е да се смеам на смешни работи, но не и на другите.
5. Јас не ширам озборувања, ако не можам да кажам ништо корисно, подобро воопшто да не зборувам.
6. За да имам пријатели морам да бидам љубезен/на.
7. Верувам дека сум некој кој може да направи важни работи.
8. Она што го кажувам и начинот на кој го кажувам зборува многу за мене.
9. Кон сите се однесувам со почитување.
10. Го ценам своето семејство и учителите на училиште.
11. Кога слушам, покажувам на другите дека ми значат.
12. Кога доброволно помагам на другите им покажувам дека сум добар човек.
13. Мислам со мојата глава и донесувам паметни одлуки кои се добри за мене.
14. Секој ден нуди нов почеток во кој можам да го дадам најдоброто од себе.
15. Се обидувам да сфатам што и како се чувствуваат моите пријатели.
16. Секој прави грешки, па наместо да се лутам на себеси, следен пат ќе се обидам да бидам подобар/а.
17. Не се откажувам, се обидувам сè додека не успеам.
18. Делењето со другите прави да се чувствувам добро, а и другите да се чувствуваат добро.
19. Своите проблеми ги решавам без повредување на другите или себеси.
20. Треба да бидам пристоен и постојано да велам благодарам и молам.
21. Насмевката се возвраќа со насмевка.
22. Треба да ги поттикнувам пријателите да дадат сè од себе.
23. Моите вредности ме тераат да го правам тоа што е правилно.
24. Јас сум искрен, не мамам и не лажам.
25. Кога сум лут, користам самоконтрола и не ги повредувам другите.
26. Креативен сум кога играм, цртам, пишувам, или сликам.
27. Кажувам „Не“ на работите кои можат да ми наштетат.
28. Кога ќе кажам дека нешто ќе направам, одговорен сум тоа да го направам.
29. Благодарен сум за она што го имам и го делам со другите.
30. Се обидувам да научам нешто ново секој ден.
31. Кога работите не се одвиваат онака како што посакувам, тогаш треба да застанам и да размислам што треба да променам во моето однесување.
32. Не ги исмевам другите деца, бидејќи не знам каков им е животот.
33. Се грижам за себе, здраво се исхранувам, вежбам и доволно се одморам.
34. Се чувствувам убаво кога се трудам.
35. Секој понекогаш се чувствува добро, а понекогаш лошо.
36. Точен сум , пристигнувам на време и не дозволувам другите да ме чекаат.
37. Кога соработувам со другите, завршувам повеќе работи истовремено.
38. Ги следам правилата и се обидувам моето место да го направам подобро.
39. Секогаш треба да ја кажувам вистината и луѓето ќе ми веруваат.
40. Го барам доброто во другите и се обидувам да кажам што ми се допаѓа кај нив.
41. Го купувам она што е добро и ги штедам своите пари.
42. Кога паметно си го распоредувам времето, можам сè да направам.
43. Мислам пред да дејствувам, моето однесување влијае на тоа како другите се однесуваат кон мене.
44. Имам манири и така ги задржувам своите пријатели.
45. Имам храброст да ги бранам децата кои другите ги малтретираат.
46. Пред да направам нешто, се прашувам: „Дали е тоа сигурно?“
47. Јас сум јас, не се обидувам да бидам некој друг или да имитирам.
48. Треба да се грижам за животните и средината.
49. Кога ќе го запишам тоа што го чувствувам и мислам, учам за себе.
50. Планирам однапред и размислувам за тоа што сакам да правам кога ќе пораснам.
Н. Г. | Црнобело