Како се однесува секој родител со првото, а како со второто дете?
Веројатно откако еднаш ќе ги искусите работите, вториот пат сте многу порелаксирани и знаете што точно треба да правите. Така е и со второто дете, првото дете е новитет, а со второто знаете што треба да правите и како да се однесувате.
Еве неколку основни разлики меѓу тоа кога сте родител на прво дете и родител на второ дете:
Планирање на бременоста
1. Со првото дете на широко и долго разговарате за тоа како сакате бебе, како тоа би било убаво и се прашувате какви родители ќе бидете.
Со второто: „Ќе имаме уште едно бебе? Ајде!“
2. За првото дете правите секакви анализи, постојано одите на лекар, правите фоликулометрија за да проверите кога ви се плодните денови...
За второто, едноставно уживате во вашата љубов.
3. Се нервирате што не ви успеало од прв пат.
Воопшто не се грижите и не размислувате за тоа кога ќе се случи.
Утврдување на бременоста
1. Со првото дете, не знаете дека сте бремени.
Со второто дете, ќе знаете и пред тестот.
2. За утврдување на првата бременост, правите два теста и лекарски преглед.
За втората бременост, вториот тест го правите само за да го потврдите првиот.
Текот на бременоста
1. Со првото дете, едвај чекате контрола да направите кај лекарот, а потоа сите треба да ги информирате.
Со второто дете, едвај организирате кој да го чува првото дете, а потоа кратко информирате дека сè е во ред.
2. Деновите поминуваат бавно, ги броите неделите и месеците до породувањето, читате сè на интернет и во главно паничите поради работите кои ги гледате.
Со второто дете деновите летаат и додека сте трепнале, веќе сте во 9-от месец.
3. Со првото дете лежите, бидејќи ве советувале да мирувате.
Трчате, скокате, си играте со првото дете, го кревате во раце иако веќе тежи...
4. Со првото дете – нервозни сте, ранливи, плачливи и имате чести промени на расположението.
Кога ќе дојде второто не сте емоционални, бидејќи немате време кога да бидете.
5. Со првото дете – спиете, спиете и спиете...
Со второто, ретко...
Породувањето
1. Со првото дете, породувањето трае 25 часа
Со второто само 5 часа.
2. При првото породување шокирани сте од болките и траумата.
При второто породување знаете што ве очекува и болката не ви претставува никаков проблем.
Деновите во породилно
1. Со првото дете чувствувате како да експлодирала хормонска бомба во вас, исплашени сте, нервози и несигурни.
Со второто, сè што чувствувате се среќа, мир и сигурност.
2. Првото бебе се плашите да го дигнете, за да не го повредите.
Второто нормално го земате во раце, без да се плашите.
3. Првото дете кога плаче не знаете како да го смирите.
Со второто дете сте смирени и бргу знаете како да го смирите.
4. Со првото дете уморни сте и исцрпени.
По второто дете се чувствувате добро и шетате.
5. Со првото дете од породилното излегувате нервозни, задишани, со болна рана.
Со второто дете од породилното излегувате весели, насмеани, рана речиси и да немате.
Првите денови дома
1. Првото дете го гледате како вонземјанин и воопшто не знаете што треба да направите.
Второто го гледате смирено и точно знаете што ве очекува.
2. Не умеете да препознаете глад од грчеви, па во првите денови првото дете е повеќе гладно отколку сито.
Второто дете го доите и дохранувате кога гледате дека треба и немате никакви проблеми, ни грчеви, ни глад, ни плач.
3. Првото дете го повивате неумешно, пробувате и по неколку пати додека успеете.
Второто бебе го повивате експресно и без проблем.
4. При бањањето на првото бебе учествуваат петмина.
Второто бебе го бањате сами, додека останатите членови се грижат за првото дете.
5. При првото дете, наутро некој од постарите го зема детето да го почува, бидејќи сте ненаспани.
Второто сами го гледате, бидејќи веќе сте се навикнале на помалку сон.
Роднини
1. Првото дете сите веднаш доаѓаат да го видат.
За второто не доаѓаат веднаш.
2. Првото не сакате никој да го допира, бидејќи се плашите дека некој ќе го повреди.
За второто немате ништо против да се најде во рацете на некој од вашите роднини.
Шетање, познати и непознати луѓе
1. Првото го облекувате како да живеете во Сибир и додека шетате постојано проверувате дали е добро покриено.
Второто го облекувате во склад со надворешната температура и уживате во пешачењето.
2. Со првото дете ве нервираат сите коментари, ама ништо не враќате.
Со второто дете, ве нервираат коментарите, но знаете како да вратите.
Посета на лекар
1. Првата настинка се доживува драматично и панично.
Со второто дете не ви е сеедно, но свесни сте дека не е ништо страшно.
2. Со првото дете, кога одите на лекар се организирате како да одите на патување.
Со второто, го носите она што навистина ви е потребно.
Заспивање
1. Првото- во раце, со лулање, пеење, во кревет, на кревет, во автомобилот, во количката...
Второто – на кревет и многу бргу заспива.
Бебето плаче
1. Првото панично го смирувате иако тоа нема никаков ефект, бидејќи самата не сте мирна.
Смирено се обидувате да го утешите бебето и одма имате резултат – мирно престанува да плаче.
2. Со првото дете се молите на Бога и сите светци, бебето да се смири, а потоа пцуете и се нервирате, бидејќи не знаете што правите погрешно.
Со второто, свесни сте буквално за сè, како плаче, кога плаче, зошто плаче и знаете адекватно да делувате.