Зошто е подобро да го родите првото дете на 30 години, отколку во дваесеттите?

Едно американско истражување ги руши сите досегашни митови за младите мајки.

zosto-e-podobro-da-go-rodite-prvoto-dete-na-30_godini-otkolku-vo_dvaesetite-001.jpg

Сите учеснички во истражувањето го родиле првото дете помеѓу 15 и 35 години, а прашалник за својата здравствена состојба пополнувале на секои две години во период од 1979 до 2008 година.

Жените кои првпат родиле помеѓу 25 и 35 години, после четириесетата во просек биле поздрави, отколку оние кои првото дете го добиле во рана младост од 20-24 години, тврдат американските научници кои истражувањето во спровеле на 3.500 жени.

Психологот Кристи Вилијамс, одговорна за истражувањето на универзитетот во Охајо и нејзините соработници нагласуваат дека резултатите се темелат на анализа на податоци од група од три до илјада жени родени во САД во раните шеесетти години и дека оттогаш некои работи се измениле, но резултатите се релевантни.

Научниците ја испитале здравствената состојба на мајките во нивните средни години и дошле до заклучок дека здравјето е подобро кај оние кои прв пат родиле измеѓу 25 и 35 години, отколку преостанатите две групи на прворотки.

Кристи Вилијамс нагласува дека резултатите од истражувањето се спротивни на досега врежаните мислења според кои првото дете е најдобро да се роди во раната младост од 20-24 години.

Според истото истражување, здравјето кај жените кои при првата бременост биле во брак се покажало поквалитетно во средната доба отколку кај самохраните мајки.

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Не си верувате себеси, бегате од одговорност – Знаци дека родителите премногу ве штителе во детствот... Ако мразите да бидете во центарот на вниманието, ако секогаш дозволувате другите...
14 фрази што секој родител ги употребува, а не треба (оставаат психолошки трауми врз децата) Децата што се мета на постојано додевање и контролирање од родителите може да ја...
18 животни лекции на кои треба да ги научите вашите деца во тинејџерските години, низ илустрации Некои совети кои ќе им ги кажеме на децата додека се мали или во периодот на пуб...
Кул детски фризури за девојчиња кои ќе ги обожаваат во лето Kога се во прашање помали девојчиња, може да им направите едноставни фризури со ...
Кој може, а кој не може да биде кум и како се раскинува старо кумство? Кумот треба да биде верник и самиот да биде крстен, да ги почитува моралните вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg