Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Трудници, уживајте во 9-тиот месец

Во исчекување на приновата и во целата гужва околу сите подготовки, идните мајки забораваат на себе и на удобноста која можат да си ја приредат тие денови.

trudnici-uzivajte-vo-9-tiot-mesec-1

Доколку сте во 9-тиот месец, еве што можете да направите додека „броите ситно” до породувањето:

Излежувајте се без грижа на совеста

Појадувајте, ручајте и вечерајте во пижами, завиткани во кревет и гледајте си ги омилените емисии или серии. Искористете го тоа што можете по целиот ден да се излежувате без никакви обврски, бидејќи за брзо тоа ќе се промени.


Уживајте со пријателките

Доколку сте активна и дружељубива трудница, нема причина зошто во 9-тиот месец да се откажете од одењето во кафуле со пријателките. Повикајте ги на гости, бидејќи за скоро нема да имате време за дружење.


Направете спомени

Соберете ги сите фотографии со трудничкиот стомак и направете си мини албум, кој ќе ви биде драг спомен.


Ден за разубавување

Приредете си еден ден за разубавување, отидете во салон средете си ја косата, направете си педикир, маникир и  чувствувајте се убаво во сопствената кожа.


Купете си штикли

Веројатно веќе ви здодеа да ги носите истите рамни чевли, кои на себе ги имаат сите трудници, па затоа почестете се со еден пар штикли. Иако не можете сега да ги носите, тие ќе бидат идеални кога ќе ги облечете за месец, два. Килограмите ќе се стопат, бебето ќе биде големо, а вие ќе посакате малку да излезете од дома. 

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
12 реални (и малку непријатни) ситуации во кои се нашле мајките барем еднаш, низ илустрации Мајките често се соочуваат со двојни стандарди, па се случува да бидат критикува...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
„Бидете подготвени за критика“ и уште 7 совети за да го подобрите односот со родителите Ако сакате да го подобрите односот со родителите, не барајте прават работи за ва...
30 животни совети што секој родител треба да им ги даде на своите деца „Запомни дека предметите нема да ти донесат среќна, туку луѓето“ - е еден од мно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg