Животот на 2-годишно девојче кое расте со родители наркомани

Руската фотографка Ирина Попова прави контроверзни фотосесии во серијалот  „Поинакви семејства“ каде ги прикажува оние семејства кои се на мрачната страна во Русија.

zivotot-na-2-godisno-devojce-koe-raste-so-roditeli-narkomani-01

Последно го фотографирала животот на 2-годишната Анфиса и нејзините родители кои се нарко-зависници.

Сè започнало кога еден ден Ирина ја забележала пијаната Лила со нејзината ќерка на улица и ја прашала дали може да ги фотографира.

По првиот контакт, Лила ја поканила да дојде ако сака да ги слика и во нивниот стан. Тоа ѝ се чинело интересно на Ирина, па веднаш прифатила.

Првата слика била шокантна кога видела дека внатре е тотален хаос, но одлучила да остане две недели. Таму живеел и таткото на малото девојче, Паша.

Во станот постојано се случувале забави, често и расправии, но и многу силна љубов. Дури тоа може истовремено да се забележи и на една фотографија.

Станот им е целосно во панк стил, агресивно уреден против културното општество.

Анфиса си игра со цигарите на мајка ѝ, се движи насекаде, па дури и на опасни места покрај прозорецот, ја храни кој ќе стигне и ја носат секаде каде што одат по забави или по улици во секое време.

По некое време Лила го напуштила семејството, па за Анфиса продолжил да се грижи само нејзиниот татко.

Подоцна е запишана и во градинка, каде можеби ќе може да види попозитивни примери од нејзините родители и ќе знае да го одбере вистинскиот пат кога ќе порасне.

Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Првите 3 години од родителството се најтешки - после станува полесно Моето родителство се промени кога дознав дека критичните години се само првите т...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
„Не морате среќното бебе да го правите уште посреќно“ и уште 6 корисни совети за идните родители „Не морате среќното бебе да го правите уште посреќно. Ако вашето бебе е среќно д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg