Познат српски доктор: „Важна порака до родителите - не ги запишувајте децата на 100 активности, им штетите“
„Балет, англиски, кошарка, скијање, мечување... Родителите секој ден го носат детето на некоја активност. Изберете му спорт и евентуално уште една активност. Не треба детето да го преоптоварувате...“, вели доктор Ранко Рајовиќ, експерт за ран развој на детската интелигенција. Тој беше поддржан и од Милан Јовановиќ, спортист и поранешен светски шампион, кој вели: „Да им ја вратиме насмевката на децата“.
Милан Јовановиќ oд Србија, познат и како „Strongman“ или „Ribcracker“, е поранешен светски шампион во пауерлифтинг (подигање тежина) и натпреварувач во стронгмен дисциплини (спорт што се фокусира на екстремна сила, издржливост и функционални движења). Тој со сопругата Јована има 3 сина.
Милан има девет последователни национални титули во Србија, а и низа успеси на меѓународно ниво.
Сега, работи како персонален тренер и дигитален креатор и на својот Фејсбук профил, каде има повеќе од 121.000 следбеници, дели совети на тема спортот во секојдневието.
Милан со сопругата и синовите
Овојпат тој се фокусираше на спортот и децата, поточно на трендот родителите да ги запишуваат децата на милион активности наеднаш.
Тој го осудува ова и го споделува своето гледиште, преку зборовите на доктор Ранко Рајовиќ, кој несомнено е еден од најистакнатите експерти во нашиот регион кога станува збор за раниот развој на детската интелигенција.
Доктор Ранко Рајковиќ
Тој е специјалист по интерна медицина, магистер по неурофизиологија и доктор на науки во областа на спортот.
Основач е на NTC системот за учење (NTC Learning System), програма за рана стимулација на интелектуалниот развој кај децата, која се применува во повеќе од 20 земји и е акредитирана од министерствата за образование во седум од нив.
Во видеото кое Милан го сподели и го наслови „Да им ја вратиме насмевката на децата“, доктор Ранко вели:
„Важна порака до родителите
Запишете го детето на спорт.
Немојте да го носите на 100 активности. Балет, англиски, кошарка, скијање, мечување и родителите секој ден го носат детето на некоја активност.
Изберете му спорт и евентуално уште една активност.
Не треба детето да го преоптоварувате, јас често тоа и го предавам, затоа што детскиот мозок работи поинаку.
Побавно отколку нашиот, тие се на тета фреквенција, тоа е бавна фреквенција.
Зошто? Тоа е физиолошки. Детето мора сè да види, да анализира, да прифати и да оди понатаму.
Секој пат кога нешто ќе види, тоа му е ново искуство.
Значи детскиот мозок мора да работи побавно за сè да прифати и да научи. „Зошто ова? Зошто она?“, да се прашува и да научи да поврзува.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





