Грешки со кои родителите несвесно им создаваат траума на децата
Немојте да мислите дека децата ви должат нешто бидејќи сте ги родиле и се грижите за нив. Вие сте донеле одлука да станете родители, па имате обврска да ги воспитате и да се грижите за нив.
Не постојат совршени родители и сите ќе направат грешки во воспитувањето и грижата за децата.
Но, некои грешки можат да бидат и причина за траума кај децата, па родителите треба да бидат свесни за нив.
Грешки со кои несвесно им создавате траума на децата:
Им викате на децата веднаш штом ќе си дојдете од работа
Дали кога ќе си дојдете од работа ги поздравувате децата со бакнеж и прегратка или веднаш почнувате да им викате?
Дури и ако децата направиле нешто погрешно, важно е кога ќе се видите по работа (или училиште) да покажете дека сте среќни што ги гледате.
Во спротивно, децата ќе полнат да го презираат периодот кога си доаѓате дома бидејќи знаат дека ги чека караница.
Ги казнувате со молчење
Никогаш немојте да користите емоционални манипулации за да ги казнувате вашите деца.
Манипулирањето лошо се одразува и врз возрасните, па само замислете што им предизвикува на децата кои уште се развиваат и не разбираат многу работи.
Кога направиле грешка, секогаш разговарајте за тоа.
Наутро ги будите со врева или агресија
Со ова, детето ќе биде под стрес уште пред да стане од кревет. И, ако секое утро е вака, подоцна во животот ќе трпи последици.
Се однесувате како да имате омилено дете
Ако имате повеќе деца, никогаш немојте да го фаворизирате едното пред другото.
Без разлика што вие еднакво ги сакате децата, кога повеќе му попуштате и удоволувате на едното, другото ќе почне да мисли дека е несакано.
Не се извинувате кога ќе погрешите
Колку и да ви е тешко да ја погазите гордоста, мора да се извинете кога ќе направите грешка.
Ниту вие не сте совршени и важно е да им покажете на децата дека секој треба да се извини кога ќе повреди некого.
Тоа што сте родител не ве прави безгрешни.
Очекувате сите да имаат лош ден кога сте нерасположени
Нормално е некогаш да не бидете во добро расположение. Но, не можете да очекувате и другите да имаат лош ден само поради вас.
Ако ви треба помош, совет или што било, побарајте го, но немојте да бидете агресивни и избувливи пред децата бидејќи тие се среќни, а вие намуртени поради проблем што нема врска со нив.
Очекувате емоционална поддршка од детето
Никако немојте да го користите детето како емоционална поддршка, како да ви е пријател или партнер.
Ова е особено голем товар за секое дете и секогаш се одразува негативно врз него.
Мислите дека децата ви се должни бидејќи се грижите за нив
Вие сте одлучиле да имате деца, па ваша одговорност е да се грижите за нив, да им овозможите храна и кров над глава.
Па немојте да мислите дека децата ви должат нешто и да ги уценувате со ова.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





