Психолошки трикови што може да ви ја спасат врската или бракот (низ илустрации)
Не носете избрзани заклучоци
Многу е лесно да помислите на најлошото сценарио кога сте вознемирени. Носењето брзи заклучоци може да доведе до недоразбирања и конфликти.
Пред да реагирате, потрудете се да го сослушате добро партнерот и размислете добро за тоа што ви го кажал. Ќе сфатите дека работите не се толку црни како што сте ги претставиле во вашата свест.
Избегнувајте нарцисоидно однесување
Ако постојано сте уверени дека вие знаете што е најдобро и го игнорирате мислењето на партнерот, тоа може да доведе до уништување на врската.
Прифатете дека понекогаш може да има различни одговори за истото прашање, и дека секој има право да го каже сопственото мислење.
Немојте да му држите долги лекции на партнерот
Кога ќе почнете да реагирате како „наставник“ или „шеф“ во врската, партнерот може да престане да ве слуша. Наместо да го решите проблемот, почнувате да се презирате и да се избегнувате.
Наместо да го напаѓате партнерот со долги лекции, дајте му простор и тој да го каже своето мислење – комуникацијата не подразбира само говор, туку и да го сослушате партнерот.
Давајте конструктивни критики
Критиките се сосема нормален дел од секоја врска, но добро е да се сервираат на начин што нема да му ја наруши самодовербата на партнерот. Не ги напаѓајте директно, туку обидете се прво да ја изнесете позитивната работа.
Ако сакате нешто да му укажете, обидете се тоа да го направите внимателно.
Б. С. Б. | Црнобело