Бонтон правила на однесување што секој (добро воспитан) ученик треба да ги знае
Веќе на сите ни е познато дека во училиште се стекнуваат знаења, а убавите манири и доброто однесување потекнуваат од дома. Велат дека децата се огледало на родителите, а добро е детето да го научите на некои основни правила на убаво однесување, за да не се соочите со проблеми.
Секое училиште има свој куќен ред и правила на однесување, но некои правила се универзални и убаво би било да ги повторите со детето на почетокот на учебната година.
Се обидовме да извадиме неколку клучни правила коишто се опфатени во книгата „Бонтон за секој ученик“ на Бојана Матијевиќ и Милица Јовановиќ, а иако знаеме дека наставниците ќе ги потсетат учениците за убавото однесување, убаво би било и родителите да поработат со детето на нив.
Да се потсетиме на некои од нив:
Детето секогаш мора да се потруди внимателно да ја следи наставата. Да биде тивко додека наставникот зборува и да не им пречи на соучениците.
Ако ученикот треба нешто да се каже, задолжително треба да се кренат два прста и трпеливо да чека наставникот да му даде збор. Не е културно да довикнувате: „Јас знам“ или „Јас, јас...“
Ученикот не треба да се срами да праша кога нешто не му е јасно, но и тоа се прави со кревање два прста и чекање наставникот да даде збор.
Истото се однесува и за одењето во тоалет, но, само ако е нужно.