8 работи кои може да ги правите со вашите деца додека патувате, а немате интернет
Игри кои се одлични за збогатување на вокабуларот на детето и го развиваат чувството за љубопитност, а може да ги играте додека се возите.
Патувањето со деца умее да биде забавно, но и многу напорно во исто време.
Во автомобилот детето не може слободно да се движи и мора да седи мирно подолго време.
На децата на возраст од четири до шест години не им е лесно да бидат концентрирни на одредена активност повеќе од 20 минути, а постарите деца можат да се посветени на една игра дури и до 50 минути.
Но, што ако патувањето трае со часови?
Дел од активностите кои може да ги имате додека патувате со вашето дете:
Буква по буква
Сите знаеме како се игра „на буква, на буква“, но ајде да ја промениме малку.
Родителот треба да каже еден збор, а детето треба да продолжи со збор, кој ќе започне со буквата на која завршува зборот што го кажал родителот.
На пример, ако родителот каже „мајмун“, детето треба да каже збор кој ќе започнува на буквта Н.
Оваа едноставна игра може многу да го збогати вокабуларот на детето.
Пејте ги вашите омилени песни
Ако детето сака да пее, подгответе плејлиста со песните што ги сака.
Пејте ги и викајте низ прозорците додека не ви здодее.
Оваа кул вежба не само што го подобрува расположението, туку и го зголемува нивото на доверба и отвореност на детето кон родителот, а исто така може да развие вистински вокален талент.
По некое време, музиката може да се замени со аудио бајки.
Вежбање перцепција
Играјте ја играта „Што гледам надвор од прозорецот“.
Одредете на пример, две минути и за тоа време натпреварувајте се со детето кој ќе изброи најмногу црни автомобили или бели куќи.
Оваа едноставна игра ќе му овозможи на детето да вежба внимание и броење.
Научете нови работи
Разговарајте со вашето дете за она што го гледате преку прозорецот и научете нешто ново.
На пример, кажете му го името на автопатот по кој се возите и историјата за тоа име.
Ако влегувате во некоја држава зборувајте за главниот град и историјата на државата.