14 фрази што секој родител ги употребува, а не треба (оставаат психолошки трауми врз децата)

„Ајде, побрзај и спреми се“

Запомнете: Децата не го разбираат концептот за време. Затоа нема да направат ништо побрзо, туку само ќе се чувствуваат под стрес.

Потребно е да бидете сконцентрирани и да му кажете на детето што очекувате да направи за да го избегнете стресот што си го нaметнувате и себеси, и на детето.

14-frazi-shto-sekoj-roditel-gi-upotrebuva-a-ne-treba-ostavaat-psiholoshki-traumi-vrz-decata-09.jpg

„Немој да ме тераш...“

Ако планирате да го воспитате детето со закани, тогаш треба да бидете подготвени и да ги реализирате заканите.

Во спротивно, кога детето ќе сфати дека вашите закани се празни, воопшто нема да ви обрнува внимание.

14-frazi-shto-sekoj-roditel-gi-upotrebuva-a-ne-treba-ostavaat-psiholoshki-traumi-vrz-decata-23.jpg

„Што не е во ред со тебе?“

Ова прашање е во ред да го поставите ако сакате да покажете сочувство и да го натерате детето да ви се довери.

Но, ако го изговорите со викање, детето почнува да се прашува дали навистина нешто не е во ред со него. Почнува да се прашува што е тоа што му фали, но не може да најде одговор.

Со текот на времето, оваа реченица може да остави трајни психолошки последици.

14-frazi-shto-sekoj-roditel-gi-upotrebuva-a-ne-treba-ostavaat-psiholoshki-traumi-vrz-decata-11.jpg

„Дали имаше добар ден денес?“  

Ова прашање подразбира дека сѐ поминало во најдобар ред, но децата имаат проблеми во училиште и најверојатно сакаат да ги споделат со родителите.

Ако чувствуваат дека нема да ги исполнат очекувањата на родителите, може да се затворат и да се повлечат во себе.

14-frazi-shto-sekoj-roditel-gi-upotrebuva-a-ne-treba-ostavaat-psiholoshki-traumi-vrz-decata-20.jpg

„Не знам како ќе ги платиме сметките овој месец“

Потрудете се да не разговарате за финансиските проблеми пред децата. Бидете свесни дека детето не може да ви помогне, а само ќе се чувствува вознемирено и исплашено.

14-frazi-shto-sekoj-roditel-gi-upotrebuva-a-ne-treba-ostavaat-psiholoshki-traumi-vrz-decata-13.jpg

„Мораш да делиш“

Родителите се трудат да ги научат децата да делат од најмала возраст, но вистината е дека кај малите деца сѐ уште не е развиено чувството на емпатија и не сфаќаат зошто треба да ги делат играчките со другите деца.

На тој начин може да му упатите погрешна порака на детето дека треба да се откаже од работите што му се драги, само затоа што некој им ги побарал.

14-frazi-shto-sekoj-roditel-gi-upotrebuva-a-ne-treba-ostavaat-psiholoshki-traumi-vrz-decata-21.jpg

„Седи исправено! Немој да се кривиш!“

Ниту една личност на светот не престанала да седи искривено само затоа што родителите постојано ја задевале. Честопати родителите не се ниту свесни дека нивната грижа преминала од воспитување во целосна контрола.

Децата што се мета на постојано додевање и контролирање од родителите може да ја загубат самодовербата и се навикнуваат на критиките, па почнуваат да ги сфаќаат како љубов и грижа. Затоа многу е веројатно овие луѓе да не успеат да изградат здрав однос со идните партнери во животот.

14-frazi-shto-sekoj-roditel-gi-upotrebuva-a-ne-treba-ostavaat-psiholoshki-traumi-vrz-decata-26.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg