14 фрази што секој родител ги употребува, а не треба (оставаат психолошки трауми врз децата)
Децата што се мета на постојано додевање и контролирање од родителите може да ја загубат самодовербата и се навикнуваат на критиките, па почнуваат да ги сфаќаат како љубов и грижа. Кои фрази често ги употребуваме како родители, а треба да ги заборавиме?
Родителите често знаат да им додеваат на децата со фразите: „биди мирен“, „седни исправено“, „ајде побрзај“. Па, сметаат дека ова е најдобар начин за културно да ги воспитаат и од нив да создадат вистински луѓе.
Но, вистината е дека постојат фрази што може да остават психолошки последици врз развојот на детето, и кои воопшто не треба да се употребуваат.
Во продолжение погледнете кои фрази треба целосно да ги заборавите, ако не сакате да оставите психолошки трауми врз вашите деца:
„Татко ти е неспособен“
Родителите може да не се среќни во бракот, па водени од емоциите, често знаат да го критикуваат брачниот партнер пред децата, без да размислат дека ова може да остави трајни последици врз нив.
Секојпат кога детето ги слуша расправиите на родителите, тоа мора да донесе тешка одлука: чија страна да ја заземе, кој родител да го поддржи и дали да молчи. Исто така, ако детето порасне верувајќи дека татко му или мајка му се неспособни, тоа може да ја загуби самодовербата.
„Кога јас бев на твоја возраст...“
Понекогаш родителите веруваат дека на децата треба да им кажат што правеле на нивна возраст за да ги мотивираат да бидат подобри.
Но, реалноста е дека на овој начин не ги мотивирате, туку правите да се чувствуваат депримирано и разочарано. Ако веќе правите споредба, нагласете ги сличностите, а не разликите.
„Колкупати треба да ти повторам?“
Секој родител барем еднаш го поставил ова прашање, а всушност тоа е додевање за тоа што треба повеќепати да им додевате на децата.
Исто така, детето не може да ве разбере, па ќе избере да го игнорира прашањето. Затоа, подобро е да нагласите: „Веќе ти го кажав ова, но дали можеш...“
„Ништо страшно...“
Можеби вам не ви изгледа како нешто страшно да се случило, но прифатете дека тоа е проблем со огромни размери во главата на вашето дете, па затоа е вознемирено и плаче.
Ако му кажете дека премногу бурно реагира за ништо, само ќе направите да се чувствува засрамено од сопствените емоции.
Не само што ќе бидат вознемирени заради проблемот што го направиле, туку и ќе се срамат затоа што толку се вознемириле.
„Знам дека не планираше да повредиш никого“
Вистината е дека иако ние како родители не сакаме да прифатиме дека нашето дете е способно да направи нешто лошо, и тие како и возрасните може да се соочат со негативни емоции и да се чувствуваат добро кога ќе направат нешто за да се ослободат од гневот.
Речениците од типот: „Знам дека не беше намерно“, само им даваат изговор повторно да направат нешто лошо кога ќе се соочат со силни емоции.
Попродуктивно би било да разговарате со детето за да разберете што ги предизвикало тие негативни емоции.
„Врска немаш“
Децата бараат одобрение од родителите, па кога тие ќе ги отфрлат нивните тврдења, може да се случи децата да се чувствуваат како неважни.
Ако не разбирате зошто вашето дете прави нешто што не е соодветно, разговарајте. Исто така, потрудете се да се сетите на некоја слична ситуација што ви се случила и вам.
„Добро, ти седи тука – јас морам да одам“
Нема родител што не се чувствувал фрустрирано кога треба да оди на работа, но нивното дете не сака да тргне и да оди. Но, ако му се заканувате дека ќе го оставите само, детето почнува да се чувствува немоќно.
Тоа сфаќа дека родителите може да го остават целосно само во овој страшен и суров свет. Заради ова, децата што добивале вакви закани се склони на правење повеќе грешки во стресни ситуации.