Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете?
Како да препознаете дали вашето дете е високо сензитивно?
Обрнете внимание на следните 23 тврдења и обидете се да си одговорите искрено дали е така.
Моето дете:
1. Често бега и сака да седи само;
2. Се жали дека го боцка или го гребе облеката, му пречи ластикот на чорапите или етикетите;
3. Обично не сака големи изненадувања;
4. На казните реагира бурно;
5. Понекогаш ми се чини дека „ми ги чита мислите“;
6. Знае да каже нешто што ја надминува неговата возраст;
7. Лесно ги регистрира необичните мириси;
8. Има зрела смисла за хумор;
9. Очигледно е мошне интуитивно;
10. Тешко заспива ако имало возбудлив ден;
11. Тешко ги поднесува сите големи промени;
12. Веднаш бара да го пресоблечете ако облеката е влажна или извалкана;
13. Често поставува прашања;
14. Наликува на мал перфекционист;
15. Веднаш забележува дека луѓето околу него се нерасположени;
16. Повеќе сака „мирни“ игри;
17. Поставува мошне зрели, а понекогаш и провокативни прашања;
18. Многу е чувствително на болка;
19. Не сака бучни места;
20. Добро ги воочува ситниците/ деталите (промените на сликите на ѕидот и промените кај некоја личност);
21. Размислува за својата безбедност пред да се качи некаде;
22. Се покажува во најдобро светло кога во близина нема непознати луѓе;
23. Многу е чувствително.
Ако на повеќе од 13 тврдења климнавте со глава, тогаш вие најверојатно имате високо сензитивно дете.
Ваша задача како родители е во него да не го препознавате само оној дел којшто е срамежлив, повлечен и пречувствителен, туку да ги цените и неговата креативност, емпатичност, интуиција, мудрост и да му обезбедите простор и средина во коишто ќе може да се развива.
Запомнете тоа не е медицинска дијагноза и не бара третман, но потребно е да се воспитува на правилен начин и да му ја дадете неопходната поддршка за да прерасне во автентична, исполнета и задоволна личност.
Доколку се сомневате дека вашето дете е високо сензитивно и не сте сигурни како треба да се однесувате со него, задолжително побарајте помош од стручно лице или детски психолог.
Б. С. Б. | Црнобело