Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете?

Вашето дете ги покрива ушите и му пречи врева, реагира на сѐ што е ново, ги забележува и најситните детали, а постојано се жали дека облеката го стега, го гребе, му пречи. Емотивно ги доживува сите ситници и плаче ако некој го навредил или го повредил другарчето. Ова се само некои од симптомите дека имате високо сензитивно дете.

ne-saka-da-se-druzhi-so-deca-bega-od-vreva-dali-i-vie-imate-visoko-senzitivno-dete-01.jpg

Одите на детски роденден во надеж дека детето ќе си помине убаво и ќе се забавува, а тоа се крие настрана и не сака да си игра со другите деца. Наместо тоа, ужива да земе лист хартија и само да си црта настрана.

Родителите кои што имаат високо сензитивно дете некогаш може да ги извади од такт тоа што нивното дете многу посилно и различно реагира на различните искуства од другите деца.

placham-zatoa-shto-uchitelkata-denes-go-karashe-stefan-dali-i-vie-imate-visoko-senzitivno-dete-02.jpg

Или скокаат од радост или неутешно плачат и не можете да ги смирите, а понекогаш ви се чини дека со нив не постои златна средина.

Според некои истражувања околу 15 до 20 отсто од децата се високо сензитивни, а знаат бурно да реагираат на секоја промена во околината.

Заради интензитетот со којшто ги изразуваат чувствата честопати се случува дури и родителите да ги сфатат погрешно. Едноставно, на некои родители не може да им биде јасно зошто нивното дете неутешно плаче заради истурениот сок или заради тоа што некој го искарал нивното другарче (а не нив) – но, реалноста со нив изгледа отприлика така.

Најчесто овие деца не сакаат нагли промени, избегнуваат бучни места, не сакаат да одат некаде каде што има гужва. Кога музиката е гласна ги покриваат ушите со рацете, им пречи силна светлина, се жалат дека волнениот џемпер ги боцка или им пречи ако ластикот на чорапите ги стега.

Повеќе сакаат да бидат сами, да уживаат во тишина и да шетаат во природа и многу повеќе сакаат да си играат сами отколку со другарчињата.

placham-zatoa-shto-uchitelkata-denes-go-karashe-stefan-dali-i-vie-imate-visoko-senzitivno-dete-03.jpg

Од каде доаѓа високата сензитивност?

Ако ги искарате или ги критикувате нив или нивните другарчиња, децата што се високо сензитивни најчесто реагираат бурно, плачат и се гневни, а репертоарот на прашања што вообичаено ги поставуваат знае да ве збуни. Пример: „Која е смислата на животот?“

Одлично ги забележуваат и најситните детали и многу лесно ги забележуваат и се соживуваат со емоциите на другите луѓе и децата.

Честопати можете да ги слушнете комплиментите од родителите и наставниците дека вашето дете е мошне паметно, мудро, добро, послушно, љубопитно, креативно, но и критиките дека некогаш е мошне тивко, повлечено, несигурно, уплашено, разгалено и тешко за чување.

Причините за сето ова е што овие деца имаат мошне почувствителен и пореактивен нервен систем, а десната хемисфера на мозокот им е поразвиена.

Тоа значи дека се многу почувствителни на надворешните влијанија и дека лесно ги забележуваат сите промени на физичко и на емотивно ниво, како кај себеси, така и кај луѓето околу себе.

Затоа, високо сензитивните деца се почувствителни на болка, топлина или студ, на врева, мириси и вкусови. Освен тоа, тие се мошне чувствителни, емпатични и лесно ги препознаваат и се соживуваат со емотивните состојби на другите луѓе.

Со оглед на тоа што обрнуваат многу внимание на детали, некогаш ви се чини дека „ви ги читаат мислите“ и предвреме знаат да ви го дадат тоа што ви треба.

placham-zatoa-shto-uchitelkata-denes-go-karashe-stefan-dali-i-vie-imate-visoko-senzitivno-dete-04.jpg

Што е она, што како родители на вакви деца треба да го запомните?

Високата сензитивност на вашето дете не е слободна волја на вашето дете, ниту е производ на разгаленост, ниту, пак, на лошото воспитување. Тоа не е болест, дијагноза, ниту состојба и не може да се лекува, да се менува или да се поправа.

Станува збор за биолошка особина, што најчесто е наследно одредена и претставува вроден склоп на темпераментот на особините. Слично како бојата на косата, на очите или на големината на носот.

placham-zatoa-shto-uchitelkata-denes-go-karashe-stefan-dali-i-vie-imate-visoko-senzitivno-dete-08.jpg

Како да реагирате како родител?

Ако сте родители на високо сензитивно дете тогаш знаете дека на овие мали генијалци им треба малку повеќе време да процветаат, па затоа во психологијата ги нарекуваат и „деца орхидеи“.

Секоја критика, карање и присилување да прави нешто за што не се чувствува подготвено само може да биде контрапродуктивно и детето кое не може да реагира против себеси само станува уште повеќе повлечено и несигурно.

Високо сензитивните деца кои растат во средина што ги осудува и им се исмева за нивната повлеченост, подоцна израснуваат во личности кои имаат негативна слика за себеси, слаба самодоверба и самопочит, а често може да развијат и состојби на анксиозност, депресии, фобии.

Затоа најважно е да ја препознаете нивната сензитивност и да им овозможите да се развијат со своето темпо. Наградите, пофалбите, разбирањето и охрабрувањето се мошне важни за нивниот правилен развој.

Запомнете, иако се мошне повлечени, малите сензитивци се по правило мошне интелигентни и надарени деца, кои се мошне љубопитни, креативни и со силна имагинација и обичните работи ги гледаат на необичен начин па им даваат генијални и автентични решенија.

Често се мошне талентирани за уметноста, па пројавуваат интерес за глума, музика, книжевност, сликарство или дизајн.

placham-zatoa-shto-uchitelkata-denes-go-karashe-stefan-dali-i-vie-imate-visoko-senzitivno-dete-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg