Вистински татко е некој кој сфаќа дека семејството доаѓа на прво место

Таткото е ментор, пријател и водич на неговите деца. Тие ги рефлектираат неговите вредности, верувања и начинот на кој треба да се третира семејството и светот околу.

vistinski-tatko-e-nekoj-koj-sfakja-deka-semejstvoto-doagja-na-prvo-mesto-01.jpg

Татковството е прекрасно патување исполнето со раст, развој и радост.

Сè започнува ненадејно, а резултатот е неверојатна врска помеѓу таткото и неговото дете. Да се биде татко е резултат на љубов, страст и магија на животот.

Но, улогата на татко е нешто повеќе од тоа само да се биде биолошки татко. Станува збор за прифаќање на вредности и принципи, кои ве обликуваат како личност...

Таткото е ментор, пријател и водич на неговите деца. Тие ги рефлектираат неговите вредности, верувања и начинот на кој треба да се третира семејството и светот околу.

Да се биде татко значи да се биде тука за децата во секој аспект од нивниот живот.

Да се биде нивна утеха и внимателен слушател, да се биде добар, сочувствителен и полн со разбирање. Со љубов и почит да се решаваат проблемите и да се креираат среќни мигови.

vistinski-tatko-e-nekoj-koj-sfakja-deka-semejstvoto-doagja-na-prvo-mesto-02.jpg

Како татко, имате можност да формирате нераскинлива врска со вашето дете. Да се забавувате со него и да ја покажете својата детинеста страна за да изградите врска и спомени заедно.

Таткото ја игра клучната улога во давањето емоционална поддршка на неговите деца и општо за доброто на семејството.

Тој секогаш треба да биде трпелив и полн со разбирање, да презема одговорност за своите постапки и да ги препознае своите мани, додека ја прифаќа уникатноста на другите.

Вистински татко е оној кој го става семејството на прво место и ќе се жртвува за него без размислување.

Тој е свесен е дека одговорноста се протега многу повеќе од само сегашниот миг, се протега и во иднината на детето.

Извор

Би можело да ве интересира:

Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Босански психолог откри зошто се распаѓаат браковите на Балканот – наиде на критики „Мајките се подобри учители за децата, а татковците бегаат од одговорност“ – Гол...
„Моите синови 1 месец беа без ТВ, таблети и телефони – Какви промени забележав кај нив?“ „Животот ни стана многу полесен како родители“ – вели овој татко од САД, кој одл...
10 илустрации кои искрено ја покажуваат разликата меѓу одгледувањето на првото и второто дете Првите чекорчиња, „борбата“ со бактериите и можните опасности на кои е изложено ...
14 фрази што секој родител ги употребува, а не треба (оставаат психолошки трауми врз децата) Децата што се мета на постојано додевање и контролирање од родителите може да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg