Недопрена природа и спектакуларни пејзажи, мир и тишина, но и одлично швајцарско сирење – Гимелвалд е мало селце на Алпите кое е вистинско скриено богатство на Швајцарија. Сместено е на 1367m надморска височина, над долината Лаутербрунен, помеѓу планините Шилторн и Јунгфрау.