Село од бајките во Хрватска: спијте во куќичка „печурка“ или „замок“ (фото)
Континентален одмор во куќички од бајките – Хрватска го доби Krka Fairytale village. Сместено во националниот парк Крка, во населбата Рупа. Првите куќички во форма на печурка и замок се подготвени да ги дочекаат своите први гости.
Сопственикот Флоријан Жижиќ, на својот имот планира да постави уште неколку мали куќички, а инспирацијата му ја дале неговите ќерки.
На гостите на располагање им се и еко градина, овоштарник и скара.
Местото е идеално за одмор, особено за љубителите на природа и велосипедизам – тука имаат на располагање идеални означени патеки.
Скрадин е оддалечен 10km од имотот, па може да се користи и градската плажа.
Е. П. | Црнобело