Манастирот во Зрзе – исконска убавина издлабена во карпа која опстојува со векови (фото)
Манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе се наоѓа на 34 km северозападно од Прилеп. Издигнат на речиси 1000 m надморска височина, во подножјето на планината Даутица, неговата изградба започнала во XIV век од страна на монахот Герман.
Карпите под манастирот ги населиле монаси уште во IX век, простор којшто им служел за молење.
Зрзе е вистинско патешествие на историското, зачинето со мирисите на мајчината душица и жалфијата. И покрај отежнатата пристапност до манастирот, кога конечно ќе пристигнете до него, ќе го почувствувате срцебиењето на една традиција, културата од едно минато време, наследството на нашиот народ кое е неизбришливо.
Разурнува, ограбуван, обновуван, манастирот во Зрзе сè уште гордо стои над карпите, потсетувајќи нè дека некои работи се вечни:
https://www.instagram.com/p/CAAUZi7HXhO/
https://www.instagram.com/p/B6cV43-F0bu/
https://www.instagram.com/p/B1gaftEgSr6/
https://www.instagram.com/p/B0a_N9FnuAo/