Волшебната Шар Планина – во и надвор од границата на Македонија, апсолутно го запира здивот (фото)
Веста за иницијативата за прогласување на Шар Планина за национален парк на Македонија ја дочекавме со радост и ентузијазам пред неколку месеци.
Шар Планина како еден од најголемите и највисоките планински масиви во Македонија, е сместена во северозападниот дел на земјата, на границите со Косово и Албанија.
Шарпланинскиот масив се протега во правец североисток – запад – југозапад во должина од 76 км.
Започнува од реката Лепенец и Качаничката Клисура на североисток, на исток границата е определена со Полошката котлина, на југозапад Штировичката Река и изворите на Радика, на југ изворот на реката Вардар – Вруток, а на запад – надвор од територијата на Македонија, со Сириничката Жупа, реката Призренска Бистрица и нејзината долина, и жупите Гора и Ополе во Косово; додека пак, во Албанија се простира од планината Калабак до Шерупа.
Вкупната ширина изнесува од 10 до 25 км, а вкупната површина што ја зафаќа шарпланинската област изнесува 1.600 км2.
Шара е богата со вода. Тоа го потврдуваат 27 планински езера, 100 поголеми извори, изворишта над 25 поголеми планински реки.
Шар Планина е бисер со маѓепсувачка убавина кој треба да го цениме и негуваме. Нејзината убавина во и надвор од Македонија е бесценета.
Погледнете ја низ објективот на инстаграмџиите:
https://www.instagram.com/p/CB5L90rBSep/
https://www.instagram.com/p/CBOt4mNg_Y8/